fbpx

Продолжуваат протестите во Романија, а премиерот не ја повлекува уредбата

-

Десетина илјади демонстранти трета ноќ по ред протестираат во 20 градови во Романија поради одлуката на социјалдемократската влада да ги ублажи прописите за сузбивање на корупцијата.

Романскиот премиер Сорин Гриндеану најави дека неговата влада, без разлика на масовните протести, нема да ја повлече спорната уредба, која декриминализира некои случаи на корупција, што предизвика политичка криза во земјата.
Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, вчера соопшти дека ќе побара од Уставниот суд да ја прогласи за неуставна одлуката на владата да ги ублажи прописите за борба против корупција. Тоа е последна правна можност да се спречи измената на законот.

Владата на социјалдемократите во средата наутро донесе уредба со која се декриминализираат повеќе дела при злоупотреба на власта, а некои од таквите дела со уредбата стануваат казниви со затвор сако ако предизвикаат штета повисока од 44.000 евра.

Десничарот Јоханис ја оцени уредбата како „неприфатлива“ и „скандалозна“.

Демонстрантите оценија дека уредбата ќе им помогне на некои политичари и владини соработници што се соочуваат со обвиненија за корупција.

Романските медиуми јавуваат дека завчера на улиците излегле најмалку 200.000 луѓе. За време на протестите беа повредени осум лица, а двајца полицајци и двајца демонстранти се пренесени во болница. Полицијата приведе 20 лица, бидејќи фрлале петарди, камења и димни бомби.

Поради спорните владини мерки, вчера оставка поднесе министерот за економски прашања, трговија и за претприемништво, Флорин Жијан, а министерот за правда, Флорин Јордаке, привремено ја предал должноста на својот заменик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...