„Предвремените парламентарни избори на 11 декември имаат референдумско значење за државата. Граѓаните се исправени пред историски предизвик за повторно поставување на темелите на институциите и за возобновување на правниот поредок и на демократијата“, истакнал претседателот на НСДП, Тито Петковски, во Битола на средбата со ракводствата и со членовите на општинските организации на партијата од петтата изборна единица.

„Криминалот и корупцијата вгнездени во авторитарната власт на ВМРО-ДПМНЕ, пред нас претставуваат политички предизвик да ги надминеме сите наши етнички, културни, религиозни и идеолошки разлики, и така сплотени и обединети да влеземе во финалната битка против оваа отуѓена власт,“ изјавил Петковски.