fbpx

Романската влада ќе ја повлече спорната уредба за корупција

-

Владата на Романија ќе одржи седница на која би требало да ја повлече спорната уредба со која се ублажуваат антикорупциските мерки, јавува „Би-би-си“.

Одлуката на официјален Букурешт предизвика повеќедневни протести во земјата, кои се сметаат за најмасовни по 1989 година.

Романскиот премиер Сорин Гриндеану рече дека владата ќе ја повлече уредбата затоа што не сака „да ја подели Романија“.

Повеќе десетици илјади демонстранти ја прославија својата победа, но порачаа дека ќе продолжат да протестираат сè додека уредбата која беше усвоена во вторникот и официјално не биде повлечена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...