fbpx

„Џеј Пи Морган“ казнета со 264 милиони долари заради подмитување кинески функционери

-

Американската банка „Џеј Пи Морган Чејс“ треба да плати казна од 264 милиони долари поради наводите дека компанијата ангажирала деца на високи кинески функционери заради добивање бизниси во Кина, јавува „Би-би-си“. Министерството за правда на САД, ваквата шема на банката ја оквалификува како „подмитување под некое друго име“.

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на САД и Министерството за правда истрагата за случајот ја почнале во 2013 година.

Сега банката треба на КХВ да ѝ плати 130 милиони долари поради прекршување на Законот за коруптивни практики во странство, на Министерството за правда 72 милиони долари и на Одборот на гувернери на федералните резерви 61,9 милиони долари.

Истрагата утврдила дека американската банка развила шема според која ангажирала неквалификувани кандидати на престижни работни места единствено поради тоа што кандидатите им биле предложени од функционери кои можеле на банката да ѝ обезбедат бизниси во Кина.

Во случајов не станува збор за директно давање пари на кинеските функционери од страна на банката, но, американските власти заклучиле дека тоа што се правело се однесува на истата работа.

Инаку, Законот за коруптивни практики во странство им забранува на американските компании да им плаќаат на функционери на странски влади за добивање на бизнис зделки и е еден од најстриктните антикорупциски закони во светот.

Врз основа на истиот Закон американските власти отворија истрага против „Маѓар Телеком“ (подружница на „Дојче Телеком“ и фирма мајка на „Македонски Телеком“) заради подмитување на македонски политичари и владини функционери за добивање поволности на телекомуникацискиот пазар во земјава. Властите во САД ја отворија истрага бидејќи во моментот кога е сторено кривичното дело, во 2005 година, компанијата котираше на берзата во Њујорк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...