Романија денеска ќе објави детали од новиот кривичен предлог-закон

Романскиот министер за правда, Флорин Лордаче, соопшти дека денеска ќе објави детали од новиот кривичен предлог-закон, ден откако владата го укина претходно издадениот декрет кој овозможуваше ублажување на борбата против корупцијата и предизвика масовни протести и меѓународна критика.

Стотина илјади Романци протестираа во Букурешт и во други градови во земјата против владината уредба која штити или целосно ослободува некои функционери од кривично гонење поради обвиненијата за корупција.

Владата на социјалдемократите минатиот вторник донесе уредба за декриминализација на повеќе дела и злоупотреби на власта, а некои од таквите дела стануваат казниви само ако е предизвикана штета поголема од 44.000 евра.