fbpx
Таг: корупција

таг: корупција

Директори на „Маѓар телеком“ казнети за давање мито на македонски политичари

Поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, се спогодиле да платат парични казни, а добиле и петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави денеска Американската комисија за хартии од вредност, пренесува порталот „Нова“. Штрауб треба да плати 250.000  долари, а Балог 150.000 долари. - Директорите од „Маѓар телеком“ беа обвинети за...

Интерпол издаде црвена потерница за кинески милијардер

Интерпол издаде црвена потерница за кинескиот милијардер Гуо Венгуи, кој се закани дека ќе ја разоткрие корупцијата во кинеската владејачка Комунистичка партија. Потерницата е издадена во пресрет на неговото интервју за американската телевизија „Гласот на Америка“. Гуо дал интервју за „Гласот на Америка“ на кинески јазик, но интервјуто е прекинато по 80 минути, иако било планирано да трае три часа. Таквиот потег...

Пакистанскиот суд нареди истрага за премиерот Шариф

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф не е прогласен за виновен за корупција пред Врховниот суд. Судиите наредија нова истрага во која ќе биде сослушан премиерот и членовите на неговото семејство во врска со обвиненијата за корупција, јавува „Си-ен-ен“. Медиумите пренесуваат дека тоа за Шариф значи останување на премиерската позиција. Постоеше стравување дека судот ќе ги прифати обвиненијата и ќе го прогласи за...

Укажувачите на корупција на Балканот ги сакаат малку, а во Македонија – најмалку

Укажувачите на криминал и на корупција (whistleblowers) не се популарни, односно ја немаат поддршката ниту од граѓаните во земјите од Западен Балкан, а најмалку во Македонија, покажува истражувањето спроведено во седум земји, врз 7.000 испитаници, поддржано од Регионалниот совет за соработка (РСС) со седиште во Сараево. Истражувањето, кое е прво од ваков вид, е спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина,...

СДСМ: ЕПП и Бундестагот јасно кажаа дека мора да се почитува парламентарното мнозинство

„И Резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП), како и заклучоците на германскиот Бундестаг во кои се вели дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција, се јасни пораки до Груевски и до Иванов да престанат со непресметливото однесување, кое ги загрозува државните и националните интереси на Македонија и интересите на граѓаните“, се вели...

Италијанската полиција уапси 69 лица за корупција и за местење тендери

Италијанската полиција во Неапол уапсила 69 лица, меѓу кои политичари и бизнисмени, за време на акцијата против мафијашката организација Казалези. Обвинети се повеќемина претприемачи во градежништвото, за местење тендери и за корупција. Обвинителството и финансиската полиција ги истражуваат договорите склучени помеѓу властите и компаниите што требало да градат музеи и нов крематориум. Според италијанските медиуми, меѓу уапсените се наоѓа и еден угледен археолог, како...

Судството, СЈО, НВО, МВР, бизнис-секторот билe мета на власта според Стејт департментот

Неуспехот од воспоставувањее на независен и непристрасен судски систем, мешањето на власта во судството, опструкциите на работата на Специјалното јавно обвинителство, притисокот и заплашувањето на невладиниот сектор, влијанието на владејачката коалиција во приватниот бизнис и загрозувањето на слободата на говорот во медиумите се дел од забелешките нотирани, во добар дел и детално, во најновниот извештај на американскиот Стејт департмент...

Бизнисмените со предлог-мерки за унапредување на бизнис-климата

Владеење на правото и елиминирање на митото и на корупцијата, квалитетна регулатива во чие подготвување активно ќе учествува и бизнис-заедницата, елиминирање на нелојалната конкуренција и изедначување на условите за работење на компаниите, зголемување на можностите за пристап до финансиски услуги и еднаков третман на домашните претприемачи и странските инвеститори, се дел од клучните препораки и предлог-мерки на домашните бизнисмени и...

ЕУ-програма за зајакнување на борбата против корупција и организиран криминал

Заедничката програма за борба против корупција, економски и организиран криминал на Европската Унија и на Советот на Европа, која има цел да ги зајакне институциите во борбата против корупцијата, перењето пари и финансирањето тероризам, почнува денеска со конференцијата „Акција против економски криминал“. На конференцијата ќе се обратат министерот за финансии Кирил Миновски и Моника Мартинез од Советот на Европа. Заедничката програма,...

Романската Дирекција за борба со корупција испрати 1.300 функционери на суд

Романската Дирекција за борба со корупција минатата година поднела обвиненија против 1.300 функционери поради корупциски активности, со кои ја оштетиле државата со 260 милиони евра, соопшти денеска шефицата на комисијата, Лаура Кодруца Ковеси. Таа посочи дека меѓу лицата кои минатата година завршиле на суд има има тројца министри, 17 пратеници и други високи функционери. Во јануари годинава, владата се обиде да...

По заканите, ЕУ-амбасадорката во Тирана под 24-часовна полициска заштита

По најновите закани кон шефицата на Мисијата на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин, таа и нејзиното семејство се под 24-часовна полициска заштита, јави австрискиот весник „Стандард“. Заканите се засилени во последниот период, откако Хрватката Влахутин продолжи со интензивните напори за судски реформи во Албанија, каде корупцијата е раширена. Влахутин е претседавач на специјалната извршна комисија, во која се и амбасадорот на САД, Доналд...

ЛДП: Зврлевски потврди дека е последното упориште на режимот на Груевски

Првиот човек на Јавното обвинителство на Македонија, Марко Зврлевски, уште еднаш потврди дека е последното упориште на режимот на Никола Груевски, велат од Либерално-демократската партија, во врска со вчерашното соопштение на Јавното обвинителство дека е отворена истрага против поранешни високи функционери на МВР и други правни и физички лица од Скопје, Куманово и од Струмица, поради изборни нерегуларности. „Јавниот обвинител,...

Продолжуваат антивладините протести во Романија

Неколку илјади Романци синоќа повторно протестираа во повеќе градови на Романија и бараа оставка на Владата, која не успеа да го измени Кривичниот законик, со што ќе се овозможеше ослободување од гонење на лица осомничени за корупција. Како што јавуваат локалните медиуми, околу 2.000 луѓе протестираа пред зградата на Владата во Букурешт извикувајќи „крадци“ и „оставка!“. - Владата ја...

Уапсен потпретседателот на „Самсунг“ поради истрага за корупција

Јужнокорејските власти го уапсија потпретседателот на компанијата „Самсунг електроникс“, Ли Џае-јонг во рамки на истрага за корупција, која доведе до отповикување на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе. Судот во Сеул соопшти дека е неопходно Ли Џае-јонг да биде уапсен поради нови докази. Сепак, судот го одби барањето за апсење и на претседателот на компанијата, Парк Санг-јин. Канцеларијата на специјалниот обвинител во вторникот...

Австрија ќе го тужи „Ербас“ поради корупција при набавка на воени авиони

Австриското Министерство за одбрана ќе поднесе тужба, против европскиот производител на авиони „Ербас“, поради корупција при набавката на борбени авиони „Јурофајтерџ“. Имено, „Ербас“ лажно ја зголемил цената во договорот од 2003 година кога Виена планирала да набави 15 борбени авиони. Работната група при ресорното министесрство во 2012 детално го проверила договорот и тврдењата поврзани за корупција, како и дали е оштетена Австрија. Врз...

Романскиот парламент го поддржа планот за референдум

Романскиот парламент едногласно го поддржа планот на претседателот на државата Клаус Јоханис да организира референдум за антикорупциските реформи. Гласањето во парламентот е вообичаена процедура, но неговото мислење за одржување на референдумот не е обврзувачко. Јоханис, некогашен член на десничарската опозиција, ја нападна владата поради уредбите со кои се штитат десетина јавни функционери од кривично гонење. Романскиот претседател сега мора да одлучи кога...

Амбасадорката на ЕУ во Албанија под истрага во Брисел поради злоупотреба на фондови

Амбасадорката на Европската Унија во Албанија, Романа Влахутин, е под истрага во Брисел поради сомнежи за злоупотреба на финансиски средства од фондовите на ЕУ и за прекршување на правилата за вработување, пишува порталот „Хаштаг.ал“. Порталот не го открива изворот на информациите, но тврди дека тие биле потврдени од релевантен извор од Делегацијата на ЕУ во Тирана. Истрагата, според информациите, ја...

Романската влада го преживеа гласањето доверба

Романската влада, на чело со социјалдемократите, го преживеа гласањето доверба во парламентот. Барањето за смена на владата го поднесе опозицијата од редот на партиите од десниот центар, а за време на изјаснувањето, пратениците од владејачката коалиција се воздржале од гласање. Тоа било доволно барањето на опозицијата да не помине, затоа што социјалдемократите заедно со коалицискиот партнер држат околу 61 отсто од...

Закажано гласање доверба на владата во Романија

Романската влада на левиот центар денеска ќе се соочи со гласање доверба во парламентот поради усвојувањето на уредбата за декриминализација на одредени облици на корупција, поради кој стотина илјади лица протестираат на улиците. Се очекува владата на премиерот Сорин Гриндеану да добие доволна поддршка, бидејќи владејачката Социјалдемократска партија и нејзиниот помал коалициски партнер, Алијанса на демократски либерали, имаат мнозинство во собранието. Владата...

Романската влада нема да си поднесе оставка, соопшти Драгнеа

Лидерот на владејачката коалиција во Романија, Ливиу Драгнеа, изјави дека владата нема да поднесе оставка по масовните протести по падот на комунистичкиот режим. Откако стотина илјади лица со денови протестираат против уредбата која дозволува политичарите да избегнат судско гонење, владата утре ја повлече спорната уредба. Претседателот на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа, по состанокот со партнерите во владата, рече дека „безрезервно им искажале поддршка...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...