fbpx

Романската влада нема да си поднесе оставка, соопшти Драгнеа

-

Лидерот на владејачката коалиција во Романија, Ливиу Драгнеа, изјави дека владата нема да поднесе оставка по масовните протести по падот на комунистичкиот режим.

Откако стотина илјади лица со денови протестираат против уредбата која дозволува политичарите да избегнат судско гонење, владата утре ја повлече спорната уредба.

Претседателот на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа, по состанокот со партнерите во владата, рече дека „безрезервно им искажале поддршка на владата и на премиерот“.

Драгнеа, кој е моќен фактор во владата во Романија, е еден од тие што би имале корист од повлечената уредба. Тој не можеше да стане премиер и покрај победата на изборите, поради пресудата за местење на изборите од април 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...