fbpx

Жбогар утре во Прилеп со кампањата „ЕУ за тебе“

-

Третиот настан од кампањата „ЕУ за тебе“ на Делегацијата на Европската Унија во Македонија ќе се одржи утре во Прилеп.

Шефот на Делегацијата, Самуел Жбогар, и амбасадорот на Германија, Кристине Алтхаузер, ќе го посетат Прилеп, каде што со помош од 21,5 милиони евра од ЕУ се прави прочистителна станица за отпадни води, како и рехабилитација и продолжување на канализацискиот систем.  Проектот се спроведува во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Прилеп и Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ од Прилеп.

Кога ќе биде завршен, 95 отсто од домаќинствата ќе бидат поврзани на канализациската мрежа, додека прочистителната станица би требало да ги исполнува стандардите за квалитет од директивата на ЕИ за третман на отпадни води во урбани подрачја и македонските законски норми.

Прилеп и Пелагонија добија и 10 милиони евра од ЕУ, кои се искористени во рамките на проектот на УНДП за чистење на 46 километри од коритото на Црна Река, со што е намален ризикот од поплави за подрачје во кое живеат 230.000 луѓе.

Вкупната помош добиена од ЕУ за животната средина во Македонија изнесува повеќе од 80 милиони евра од програмата ИПА1 (2007-2013), а со следната, ИПА 2, се планира финансиска помош поголема од 100 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...