fbpx

Арифи: Со СДСМ разговаравме за почетните позиции

-

Потпретседателката на ДУИ, Туета Арифи, по денешната средба на претставниците на ДУИ и на СДСМ во хотелот „Холидеј ин“ рече дека се одржала конструктивна дискусија, но дека последниот збор ќе го има претседателството на ДУИ.

– ДУИ е политичка партија која има отвореност. Ние денеска имавме разговори за нашите иницијални позиции. Јавноста е информирана за нашите рамки, значи интеграцијата во ЕУ, реализирање на Договорот од Пржино во однос на прашањето на СЈО. Исто така, прашањата кои се поврзани со реализација на Охридскиот договор и интеграцијата на нашата земја во Европската Унија и во НАТО заедно со целосната еднаквост на Албанците. Така што, имавме една конструктивна дискусија, а финалните одлуки, нормално, ќе се носат од страна на претседателството на чело со претседателот на ДУИ, Али Ахмети – рече Арифи.

Од СДСМ претставници на средбата беа заменик-претседателката Радмила Шекеринска, Рената Дескоска и Оливер Спасовски, а од ДУИ, освен Арифи, присутни беа и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, и на Гостивар, Невзат Бејта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...