fbpx

Романскиот парламент го поддржа планот за референдум

-

Романскиот парламент едногласно го поддржа планот на претседателот на државата Клаус Јоханис да организира референдум за антикорупциските реформи.

Гласањето во парламентот е вообичаена процедура, но неговото мислење за одржување на референдумот не е обврзувачко.

Јоханис, некогашен член на десничарската опозиција, ја нападна владата поради уредбите со кои се штитат десетина јавни функционери од кривично гонење.

Романскиот претседател сега мора да одлучи кога ќе се одржи референдумот.

Иако за текстот на гласачкото ливче одлучува претседателот, тој минатиот месец рече дека сака да одржи гласање за да види „што сакаат граѓаните на Романија“.

Според законот, пред гласањето мора да се одржи кампања во траење од 30 дена.

Масовните улични демонстрации ја принудија владата да ја повлече спорната уредба за декриминализација на поедини случаи на корупција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...