fbpx

Интерпол издаде црвена потерница за кинески милијардер

-

Интерпол издаде црвена потерница за кинескиот милијардер Гуо Венгуи, кој се закани дека ќе ја разоткрие корупцијата во кинеската владејачка Комунистичка партија.

Потерницата е издадена во пресрет на неговото интервју за американската телевизија „Гласот на Америка“.

Гуо дал интервју за „Гласот на Америка“ на кинески јазик, но интервјуто е прекинато по 80 минути, иако било планирано да трае три часа.

Таквиот потег на „Гласот на Америка“ предизвика сомневање дека дошло до мешање од Кина, што телевизијата го демантираше.

Интервјуто е објавено шест часа откако портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Лу Канд, соопшти дека Интерпол издал црвена потерница за Гуо, под обвинение дека подмитил поранешен разузнавач.

Гуа е тајкун во областа на недвижностите, а на врвот на својата кариера бил 73. човек по богатство во Кина.

Тој исчезна од јавната сцена во 2014 година, а се појави пред неколку месеци, тврдејќи дека поседува докази за елитна корупција, кои сака да ги објави за доброто на Кина.

Тој годинава отвори профил на „Твитер“, каде редовно ги критикува владините органи на Кина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...