ЕУ-програма за зајакнување на борбата против корупција и организиран криминал

Заедничката програма за борба против корупција, економски и организиран криминал на Европската Унија и на Советот на Европа, која има цел да ги зајакне институциите во борбата против корупцијата, перењето пари и финансирањето тероризам, почнува денеска со конференцијата „Акција против економски криминал“.

На конференцијата ќе се обратат министерот за финансии Кирил Миновски и Моника Мартинез од Советот на Европа.

Заедничката програма, која има буџет од 1.350.000 евра, треба да обезбеди поддршка на Управата за финансиско разузнавање, финансиската полиција, министерствата за правда и за внатрешни работи, како и на компаниите од финансискиот сектор во нивните напори во борбата против економскиот криминал и корупцијата.

Програмата ќе се фокусира на зајакнување на операциите против перење пари и спречување на финансирањето тероризам.