fbpx
Таг: корона

таг: корона

Вучиќ се закани со тотален полициски час, а едно лице е уапсено за ширење лажни вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера за ТВ „Прва“ порача дека поради непослушноста на граѓаните кон мерките за изолација, ќе предложи на владата на Србија да се воведе полициски час кој ќе трае сите 24 часа, па никој не ќе може да излегува на улица дури ни за да купи храна. Според него, мерките би можеле да стапат на сила веќе...

Во светот речиси 724.000 заразени, со 34.018 смртни случаи

Бројката на заразени со новиот корона вирус во светот се искачи на 723.740, со 34.018 смртни случаи и 152.042 излекувани, покажуваат најновите податоци од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот. Со 10.779 смртни случаи и понатаму со трагичниот биланс е прва Италија, по што следуваат Шпанија...

Со Jутјуб и д-р Фаучи против корона вирусот (видео)

Доктор Ентони Фаучи е човекот кој во последните неколку недели може да се забележи до претседателот на САД на секоја пред конференција. Тој е директор на Националниот Институт за Алергии и Заразни Болести на САД и ја извршува оваа позиција од 1984тата година, од времето на Роналд Реган. Во време на пандемија, тој важи за еден од докторите во светот...

Нема докази дека милениците го пренесуваат Ковид-19

Здружението за заштита на животните Анима Мунди поднесе барање до Владата за измени во полицискиот час. Воедно, тие бараат од министерот за здравство, Венко Филипче, јавно да соопшти дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат корона вирусот. „Бараме јавно да биде соопштено од министерот за здравство дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат вирусот...

Пет билиони долари од членките на Г-20 за заздравување на светската економија

Лидерите на земјите-членки Г-20 на виртуелниот самит доцна во четвртокот усвоија документ за борба против пандемијата од корона вирусот. Во него се наведува дека Г-20 ќе вложат 5 билиони долари (5 илјади милијарди долари) во светската економија за надминување на финансиските последици од пандемијата на вирусот. Во завршниот документ се наведува дека министрите за финансии и гувернерите на централните банки...

Расте бројката на заразени во соседството 

Значително зголемен број на нови случаи со COVID-19 регистрира Бугарија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот.  -Генералниот тренд на нови случаи со новиот корона вирус се покачува. Тоа што случаите на нови дијагностицирани е помал од претходните денови, не покажува тенденција - изјави тој на редовниот утрински брифинг за медиумите.   Во Бугарија ...

Препораки на МТСП до компаниите за заштита на работниците во погоните за производство

Министерството за труд и социјална политика, МТСП, апелира компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето, затоа што заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на економијата. „Владата и стопанството имаат иста цел - во услови кога се спроведуваат мерки и активности за заштита и превенција од ширење на корона вирусот, истовремено да се...

Ангела Меркел во домашна изолација, била во контакт со лекар заразен со корона вирус

Германската канцеларка Ангела Меркел од неделата вечерта се наоѓа во домашен карантин, каде ќе биде најмалку две недели, затоа што во петокот била во контакт со лице заболено од корона вирус. Откако претходно ја одржа конференцијата за мадиумите и и се обрати на нацијата, шефицата на Владата во Берлин синоќа се повлече во изолација. Како што објави портпаролот на Владата,...

Расте бројката на заразени во светот, се воведуваат сѐ порестриктивни мерки

Состојбата со новиот корона вирус во Европа и во светот ескалира, со огромен пораст на бројката на заразени и хоспитализирани, откако Македонија го забележа првиот смртен случај. Бугарија, според официјалното соопштение од утрово, има 190 случаи, Македонија според официјалното соопштение има прв смртен случај, а до вчера до пладне 114 заразени. Новата бројка на заразени треба да биде соопштена денеска...

Дезинформации за лекување на Ковид-19 со „чудесен руски лек“ и напиток „препорачан од лекари“

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Димитров на видео-конференцијата со Рот побара ЕУ-помош

Првично планирана како реална посета на германскиот Државен министер за Европа, Михаел Рот на земјава на 17 март, денеска се одржа видео-конференција на Рот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, на која покрај евроинтеграциите, се дискутираше и за состојбата со ширењето на КОВИД-19. Шефот на македонската дипломатија упати повик до ЕУ да даде поддршка за ублажување на...

ИЈЗ: Реагенси за Ковид-19 ќе има доволно

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е единствената национална референтна лабораторија и лабораторија акредитирана од Светската здравствена организација за детекција на респираторни вируси, вклучително и новиот САРС-КоВ-2 (предизвикувачот на Ковид-19). Реагенси има и ќе има, затоа нема потреба од загриженост кај граганите, порача Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје на денешната прес-конференција, на која...

ЕК формираше заедничка залиха на маски, ракавици, лекови и медицинска апаратура

Европската Комисија (ЕК) денеска донесе одлука да се формира rescEU, заедничка залиха на медицинска опрема, како респиратори и заштитни маски, кои ќе се испраќаат онаму каде што се најпотребни во земјите-членки на ЕУ. - Со оваа прва во историјата заедничка залиха на медицинска опрема за итни ситуации, ја претвораме солидарноста на ЕУ во дело. Таа ќе биде од полза на...

Во Бугарија трета жртва, во Банско двајца Македонци се заразиле со Ковид-19

Бугарија ја регистрираше третата жртва на новиот корона вирус, Ковид-19, вкупниот број случаи се искачи на 94, од кои двајца македонски државјани, кои се заразиле во Банско, а биле дијагностицирани во Македонија, соопшти утрово генерал Венцислав Мутафчиски, началникот на бугарскиот Национален кризен штаб за борба со корона вирусот. Банско во моментов е во целосна блокада, и не се дозволува ниту...

Димитров повика граѓаните затекнати во странство да се пријавуваат по е-маил

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги повика македонските граѓани затекнати во странство поради ситуацијата со корона вирусот, задолжително да се пријавуваат во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) за да може да се следи ситуацијата и да се преземаат мерки да им се помогне. „Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно...

Вонредната состојба во Србија под нивото на мерките во Македонија

Има голема разлика помеѓу мерките што се преземаат во Србија во обид да се сузбие ширењето на новиот корона вирус COVID-19 и мерките што ги презема Северна Македонија, пишува „360 степени“. Во Белград, на пример, по воведувањето вонредна состојба, кафе-баровите и рестораните не се затвораат, туку ќе работат од 8 до 20 часот. На граѓаните на Србија никој не може...

Медиумите не треба да пренесуваат митови за корона вирусот од социјалните мрежи

Неодговорното пренесување разни неточни текстови и информации во ситуација на сеприсутен страв на јавноста поради ширењето на новиот корона-вирус COVID-19 не би требало да се случува во медиумите. Но, за жал, се протнуваат и објави како оваа. Во неа се изнесени „совети“ од неименуван италијански лекар (не знаеме дали навистина станува збор за лекар), кои кружеа по социјалните мрежи...

Компаниите сѐ уште немаат пресметки за загубите што ги трпат од корона вирусот

Трговските и другите производствени домашни компании се уште немаат доставено до Стопанската комора на Македонија, СКМ, пресметки колкави загуби трпат поради состојбата со корона вирусот, односно намалениот промет како и број на вработени. Во каква состојба се најдоа во изминативе недели и дали ќе достават до СКМ конкретни пресметки и барања за интервенција од државата, се уште е неизвесно. Производствените...

Негативни се резултатите на четирите лица од Струмица тестирани на корона вирус

Министерството за здравство утрово информира дека вчера попладнето на корона вирус биле тестирани 4 лица од Струмица, поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Исто така, биле тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати биле негативни на корона вирусот. „Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената, кои во изминатите две...

Kallxo.com: Не е вистина дека сомнителни примероци за коронавирус од Косово се испратени во Тирана

По паниката што започна да се појавува во Косово во врска со коронавирусот, со оглед дека бројот на заболените во соседните земји е зголемен, порталот Индексонлajн се придружи на овој тренд и објави ифнормација дека некои сомнителни примероци се испратени за верификација во Тирана. Сервисот за проверка на факти во Косово, Kallxo.com, ја провери оваа информација и дозна дека тврдењата...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...