fbpx

Ангела Меркел во домашна изолација, била во контакт со лекар заразен со корона вирус

-

Германската канцеларка Ангела Меркел од неделата вечерта се наоѓа во домашен карантин, каде ќе биде најмалку две недели, затоа што во петокот била во контакт со лице заболено од корона вирус. Откако претходно ја одржа конференцијата за мадиумите и и се обрати на нацијата, шефицата на Владата во Берлин синоќа се повлече во изолација.

Како што објави портпаролот на Владата, Штефан Зајберт, Меркел во петокот била во контакт со лекар кој во меѓувреме ги добил резултатите од анализите кои покажале дека е позитивен на вирусот.

Меркел со лекарот била во непосреден контакт, бидејќи тој и дал вакцина против пнеумокока, запаление на белите дробови предизвикано од бактерија, пишува Би Би Си, и додава дека за ова во неделата вечерта не известувале германските медиуми.
Поради карантинот, консултациите меѓу канцеларката и покраинските премиери во текот на вчерашниот ден се одвиваше телефонски, а така ќе биде и во наредните недели.

Инаку, Меркел ги соопшти јавно новите, уште поригорозни мерки, со цел да се намали ширењето на корона вирусот. Според податоците на Институтот „Роберт Кох“, од неделата пололаднето заразени се 18.610 Германци, за околу 2.000 повеќе од првиот ден од претходниот викенд, а починати се 55 лица.

Од овој понеделник ќе им биде дозволено само на поединци да се движат по улиците, по двајца најмногу, кои не се од исто семејство. Од овие правила се исклучок членови на едно семејство кои можат да се движат заедно.

Големите градови, како Фрајнбург, практично се „забетонирани“, нема влез ниту излез во него, во многу покраини е забрането движење по паркови и зелени површини, а катанец има на детските игралишта. Контактите се ограничени на домашни лица, а на отворено треба меѓу нив да има растојание од 1,5 метри или 2 метра.

„Направете заеднички напор сега“, апелираше синоќа Меркел: „направете го тоа од срце, со љубов кон својот народ. Мерките ќе бида во сила намалку две недели, но уште сега објаснете си себеси дека можат да потраат и многу повеќе“, рече Меркел, и најави строги казни за сите кои нема да ги почитуваат мерките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...