fbpx
Таг: корона

таг: корона

Вацинирани или ревакцинирани вчера биле 11.857 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а ревакцинирани биле 1.012, односно вкупната бројка на луѓето граѓани што вчера примиле доза од вакцините против ковид-19 изнесува 11.857 граѓани. На вакциналните пунктови во земјава заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани, односно вкупно се дадени 130.878 дози вакцини. Со последните бројки околу 30 отсто од...

Пет прекршувањa на полицискиот час, 522 санкции за неносење маска

Од 23 часот вчера до 5 часот денеска полицијата фатила петмина што не ја почитувале забраната за движење, односно полицискиот час, соопшти МВР. Во текот на изминатото деноноќие, односно од вчера до денеска наутро, на територијата на целата земја МВР регистрирало 522 прекршоци во однос на мерката за задолжително носење заштитна маска. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и...

Вистиномер: Антиваксерство со злоупотреба на името Исусово и преку лажно тврдење за вакцините

Фејсбук пост со наслов „Не ви ги даваме децата“, преку злоупотреба на религиски чувства и лажни информации повикува на антиваксерство. Настрана фактот што децата засега не подлежат на вакцина против ковид-19, пишува „Вистиномер“ во анализа што подолу ја пренесуваме во целост. Објава на Фејсбук на македонски јазик во која има порака-проглас насочен кон јавноста со неколку елементи, а кои се...

Откажан „Октоберфест“ – втора година по ред

Исто како и минатата година, еден од најпознатите фестивали во светот „Октоберфест“ што секоја година традиционално се одржуваше во септември и октомври во германскиот град Минхен, и оваа година нема да се одржи поради пандемијата на ковид-19. Како што на прес-конференција соопшти премиерот на сојузната германска покраина Баварија, Маркус Седер, ситуацијата е премногу несигурна за да се дозволи одржување на...

Нови 105 случаи и 45 починати пациенти пријавени во изминатово деноноќие

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 946 тестирања, а регистрирани се 105 нови случаи на ковид 19. Во истиот период 403 пациенти оздравеле, а пријавени се вкупно 45 починати лица: 14 од Скопје ( 51г, 58г, 65г, 68г, 69г, 70г, 70г, 70г, 73г, 76г, 81г, 81г, 81г и 83г), 5 лица од Прилеп (42г, 61г,...

Туризмот на Охридско Езеро сериозно погоден од пандемијата, песимизам за закрепнување во текот на 2021 година

Туризмот е еден од најтешко погодените сектори од глобалната пандемија на ковид-19. Буџетот и економијата на градовите кои гравитираат околу Охридското Езеро беа директно погодени од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на болеста. Бројот на туристи кои ја посетија Струга во 2020 година е половина од тоа во 2019 година. Поградец во соседна Албанија се соочува со истата...

Вкупно 1.102 пациента се лекуваат од ковид-19 во болниците

Според најновите податоци од Министерството за здравство, во болниците низ земјава во моментов се сместени и се лекуваат од ковид-19 вкупно 1.102 пациенти. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 465 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие,...

Од вечерва повторно полициски час, изминатово деноноќие 436 граѓани казнети за неносење маска

По временото повлекување на полицискиот час изминатата ноќ, заради празнувањето на Велигден, од вечерва повторно е на сила забраната за движење на граѓаните, освен со посебна дозвола, од 21 часот до 5 часот следниот ден. Минатата година во текот на повеќедневните велиденски празнувања беше на сила неколкудневна забрана за движење. Времено повлекување на полицискиот час ќе има и за Рамазан...

Вистиномер: Не е вистина дека со онлајн учење децата ќе добијат разни болести и ќе станат „зомби генерации“

Шпекулативна и сензационалистичка објава на Фејсбук преку непотврдени хорор сценарија шири паника и страв дека онлајн учењето е опасно по здравјето и менталниот развој на децата. За изнесените податоци, кои се прикажани во навидум точни проценти, нема никакви научни и точни докази добиени од релевантни институции. Не е јасно дали станува збор за податоци добиени од некои истражувања, и...

Милорад Милојевиќ, Радио Слободна Европа: Новинарите во БиХ веќе остануваат без работа поради пандемијата

Епидемијата на ковид-19 во повеќе аспекти влијаеше на новинарите, кои претставуваа врска помеѓу здравството и јавноста во текот на кризата. Јавноста будно следеше сè што има врска со пандемијата, не обрнувајќи внимание на оние кои тие информации секојдневно им ги пренесуваат. Истовремено, новинарите на своите работни задачи честопати беа изложени на епидемијата и беа без соодветна заштита. Оваа професија...

СВР Охрид од денеска со засилени контроли на сите излетнички места

Од денеска, како и во текот на викендот, се до вторник, до завршување на велигденските празнични денови, СВР Охрид ќе прави засилени контроли на сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, во викенд-населбите, како и во верските храмови. „Засилените мерки за контрола на парковите, излетничките места и викенд-населбите почнуваат од денеска во 16 часот и...

Амбасадата на САД донира медицинска опрема за справување со Ковид-19

Амбасадата на САД во Македонија денеска донира заштитна медицинска опрема за нашата земја за борба против корона вирусот. Од амбасадата информираат дека донацијата ја примија заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како национален координатор за распределба на странска помош, и Министерот за здравство, Венко Филипче, во присуство на амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари...

Нема ДДВ за донациите во солидарниот фонд за справување со Ковид-19

Средствата кои се донирани во солидарниот фонд на Министерството за здравство за собирање средства за справување со корона вирусот, се ослободуваат од ДДВ, одлучи Владата на последната седница. „Со цел поголемо стимулирање на потенцијалните даватели на донации кон буџетските корисници, прометот остварен кон примателите на донации – буџетски корисник, се ослободува од данокот на додадена вредност со право на одбивка...

За Велигден забрана за движење од петок од 16 часот, до вторник до 5 часот

Во време на велигденските празници што претстојат, Владата одлучи да го зголеми времетраењето на полицискиот час за уште еден ден, односно наместо само викендот,  забрана за движење се воведува и за понеделникот, денот после Велигден. Тоа значи, на сите граѓаните им се забранува движење од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април, до 5 часот, на...

НБРМ ја намали понудата на благајнички записи за да им го олесни кредитирањето на банките

Народната банка на Македонија, го намали износот на благајничките записи кои банките можат да ги запишат кај централната банка, со цел, со ослободените средства да се поттикне кредитната активност на банкарскиот систем и да се овозможи натамошна поддршка за македонската економија. „Аукцијата ќе се одржи на 15 април годинава и на неа понудата на благајнички записи ќе се намали за...

Ангеловска-Бежоска: НБРМ ги следи понудите на банките за промена на условите за кредитите

Очекуваме да дојде до олеснување на финансиските услови и за граѓаните и за корпоративниот сектор. Токму тоа и беше цел на измените на регулативата за работењето на банките, кои што ги донесовме, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во вчерашното издание на емисијата „Клик плус“ на „ТВ 21“. „Очекуваме банките активно да ги имплементираат можностите од регулаторните измени. Народната банка ги следи...

Дезинформации за „порака од Богородица“ и за „медицински апарат“ за заштита од корона вирусот

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Трамп: Ќе биде успех ако не надминеме 200.000 жртви на корона вирусот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во обраќање во неделата попладне соопшти дека ги продолжува федералните мерки за самоизолација до 30 април, иако до пред кратко време изразуваше намери да ги укине мерките до 12 април. САД во моментот е прва на листата по бројот на заразени со новиот корона вирус, со потврдени над 143.000 заболени и со околу 2.500 починати. Претседателот...

Засилување на мерките против корона вирусот во Албанија, Црна Гора, Словенија…

Во Албанија се воведуваат построги мерки за справување со новиот корона вирус, па така од денеска, во терминот од 5 до 13 часот секој ден ќе се дозволува само на едно лице по домаќинство да излезе најмногу еден час од дома поради купување или вршење други неопходни работи. Излегувањето претходно ќе се најавува со СМС или онлајн. Сепак, за оние...

Нухиу: Петмина полицајци позитивни на корона вирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот Фејсбук профил претпладнево напиша за пет случаи со корона вирус во полицијата. Напомена дека ризик постои во полициската станица „Петровец“. – Потврдено дека имаме позитивни петмина вработени во полицијата, додека во полициската станица „Петровец” постои реален ризик. Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба – напиша...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...