Вацинирани или ревакцинирани вчера биле 11.857 граѓани

Фото: Мета.мк

Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а ревакцинирани биле 1.012, односно вкупната бројка на луѓето граѓани што вчера примиле доза од вакцините против ковид-19 изнесува 11.857 граѓани.

На вакциналните пунктови во земјава заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани, односно вкупно се дадени 130.878 дози вакцини. Со последните бројки околу 30 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Оттаму појаснуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 279.909 граѓани.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во салата А1 во СЦ Борис Трајковски во Скопје, како и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

МЗ апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.