Вкупно 1.102 пациента се лекуваат од ковид-19 во болниците

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Според најновите податоци од Министерството за здравство, во болниците низ земјава во моментов се сместени и се лекуваат од ковид-19 вкупно 1.102 пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 465 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 6 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 176 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 18 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 291 празни кревети, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Голем дел од пациентите во болничките капацитети во главниот град се на кислородна поддршка. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, велат од Министерството за здравство (МЗ).

На инфективните одделенија во другите градови низ земјава се лекуваат 637 пациенти позитивни или под сомнеж за инфекција со корона вирусот.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 87 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 27 пациенти, во Велес се лекуваат 72 болни, а во Куманово 72 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во Ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 56, во Ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 25 во Кичево 20, Кавадарци 30, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни или под сомнеж за инфекција со корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.102 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите.

Сите одделенија на клиничките болници во земјава располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.