fbpx

Туризмот на Охридско Езеро сериозно погоден од пандемијата, песимизам за закрепнување во текот на 2021 година

-

Туризмот е еден од најтешко погодените сектори од глобалната пандемија на ковид-19. Буџетот и економијата на градовите кои гравитираат околу Охридското Езеро беа директно погодени од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на болеста. Бројот на туристи кои ја посетија Струга во 2020 година е половина од тоа во 2019 година. Поградец во соседна Албанија се соочува со истата реалност. Опоравувањето на туристичкиот сектор во градовите покрај Охридското Езеро се чини тешко ќе оди и во текот на 2021 година, пишува Порталб.мк.

Кризата предизвикана од ковид-19, во светот, но и во земјите од регионот, најмногу го погоди туристичкиот сектор. Приходите од туризмот се меѓу главните извори за егзистенција за градовите кои гравитираат околу Охридското Езеро. Туризмот во овој регион обезбедува работа и егзистенција за многу семејства. Струга е втора најпосетувана дестинација во Северна Македонија, по Охрид, а не помалку омилен град кај туристите е и Поградец, на брегот на Охридското Езеро во Албанија.

Во текот на 2019 година во Струга престојувале 106.406 туристи, од кои 52.372 биле домашни и 54.034 странски туристи. Како последица од пандемијата, во 2020 година бројот на посетители во Струга е преполовен. Во 2020 година, регистрирани се вкупно 62.444 туристи, од кои 54.930 се домашни туристи и само 7.554 странски туристи.

 

Бројките во туристичкиот сектор се разочарувачки и во Албанија.

Според анализите на албански ИНСТАТ во третиот квартал од 2020 година, вкупниот број посетители во Албанија е намален за 43,3 отсто, во споредба со третиот квартал од 2019 година, додека бројот на вкупни ноќевања е намален за 44,9 отсто во споредба со третиот квартал 2019 година. Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека во текот на 2020 година бројот на странски посетители е намален за 59,3 отсто, во споредба со третиот квартал на 2019 година.

 

Колку е ветувачка летната сезона 2021 година за туризмот во Охридското Езеро?

Во пресрет на почетокот на летната сезона, закрепнувањето на туристичкиот сектор изгледа тешко. Иако туристичкиот сектор заработува повеќе од странските туристи, се чини дека оваа година хотелите ќе работат главно со домашни или локални туристи. Се очекува странските претежно да доаѓаат од соседните земји, додека посетите на туристи од различни земји во светот годинава се очекува да биде на ниско ниво.

„Најпогоден сектор од пандемијата е туризмот. Загубите на овој сектор во текот на 2020 година и половина од 2021 година достигнуваат до 98 отсто. Многу сме песимисти што се однесува до новата летна сезона со оглед на состојбата со пандемијата и потребите на туризмот и треба ситуацијата да се сфати посериозно и да добиеме суштинска поддршка. Немаме никакви најави за посети на странски туристи. Странските тур-оператори ги одложуваат плановите секој месец. Сè уште немаме позитивни најави“, изјави за Порталб.мк Асим Меџедовиќ, директор на агенцијата „Фибула Ер Травел “ – Охрид.

Тур-операторите во Струга и Охрид очекуваат безусловна и значителна помош за туристичкиот сектор. Тие имаат барања кои очекуваат властите да ги реализираат што побргу.

„Олеснување и модернизација на регулативата за субвенции, формирање на Комисија за туризам, со кој премиерот треба да овозможи активна дипломатска кампања во земјите од каде што многу туристи доаѓаа кај нас во минатото. Овие барања се испратени од сите организации и туристички комори, а институциите мора да реагираат што е можно поскор,о затоа што сезоната е веќе изгубена, не смееме да си дозволиме целосно да не потфрлиме“, нагласува Асим Меџедовиќ.

Од друга страна, раководителите и тур-операторите се загрижени за бавното темпо на процесот на вакцинација во Северна Македонија.

„Почнавме да примаме некои резерви, но тоа е далеку од она што го очекуваме. Очигледно оваа година главниот пазар ќе биде локалниот пазар, но се надеваме дека работите ќе се подобрат и очекуваме да се отворат границите. Нашиот хотел има 207 соби, но оваа година не очекуваме да работиме со максимален капацитет. Очекуваме од државата безусловна поддршка за овој сектор, плати, неповратна финансиска помош за туристичкиот сектор и бесплатен PCR тест за странскиte туристи. Исто така, целиот персонал во хотелот треба да се вакцинира за туристите да се чувствуваат безбедни, а додека многу земји речиси завршија со вакцинирањето, Северна Македонија е сè уште на почетокот на процесот“, вели Ајсегул Ондер, менаџер на хотелот „Изгрев“ на струшкиот брег.

 

Туристичкиот сектор протестира, ветената поддршка недоволна

Секторот за туризам и угостителство протестира пред Владата со цел властите да им ги исполнат барањата. Во шестиот пакет мерки за угостителите се резервирани 10 милиони евра, но сепак овој пакет не ги исполнува потребите на секторот. Угостителите се на мислење дека државните мерки ќе придонесат за ублажување на последиците, но тврдат дека обезбедените средства се далеку од потребните во моментов за да се спаси туристичкиот сектор.

 

На албанскиот брег на Охридското Езеро оптимизам

За разлика од Струга, хотелиерите во Поградец се оптимисти за летната сезона 2021 година. Тие велат дека оваа година планираат да работат со полн капацитет и дека започнале резервациите и од странски и од домашни туристи.

„Секако дека имаше негативно влијание општо во сите области на животот, но претежно туризмот. Имамаше значителен пад и во Поградец, во нашиот хотел. Оптимисти сме дека оваа сезона ќе биде добра и поволна, бидејќи започнаа резервации од странски и домашни туристи“, изјави за Порталб.мк Јирген Хамоли од управата на хотелот „Хирмети Палас“ во Поградец.

Глобалната имунизација е единствената надеж овој сектор да се врати во нормала. Сопствениците на хотели сакаат нивниот персонал да има приоритет во процесот на вакцинација, со цел туристите да се чувствуваат безбедно.

 

Дали Струга и Поградец имаат локални стратегии за обновување на туризмот?

Податоците од Одделот за туризам во општина Струга покажуваат дека туристичко-угостителскиот сектор е најпогодениот од пандемијата.

„Очигледно и нашата земја, како туристичка дестинација, не беше имуна на пандемијата и сè уште е под негативното влијание што го донесе со себе овој глобален феномен. Струга е втора најпосетувана дестинација во Република Северна Македонија. Како и целиот поширок туристички регион, Струга падна под влијание на пандемијата ковид-19. Овие ефекти се повеќе од очигледни, особено во туристичко – угостителскиот сектор, кој е во првите редови на борбата против невидливиот непријател. Имаше периоди кога туристичко – угостителскиот сектор беше целосно затворен, но имаше и периоди кога овој сектор беше целосно отворен и функционираше со полни и пренатрупани капацитети“, вели Арменд Пушкуле од одделот за туризам во Општина Струга.

Од Општина Струга велат дека тие немаат локални стратегии за закрепнување на туризмот во овој град и дека се потпираат на националната стратегија во борбата против ковид-19.

За разлика од Струга, Општина Поградец најавува дека Стратегија за развој на локалниот туризам, се разбира, повикувајќи се на Националната стратегија за развој на одржлив туризам. Во меѓувреме, во Поградец, крајбрежјето е исчистено, двојно е зголемена јавната површина во областа на плажата каде што граѓаните и туристите имаат можност да се релаксираат, почитувајќи ги правилата за социјално растојание.

„Врз основа на статистичките податоци доставени од тур-операторите, но и од Канцеларијата за туристичко информирање, промената во бројот на посетители на Поградец се забележува, затоа што преземените мерки и временските опсези влијаеа да се спречи ширењето на ковид-19. Општина Поградец ја подготвува првата нацрт-стратегија за развој на локалниот туризам, секако засновајќи се на Националната стратегија за развој на одржлив туризам. Се надеваме дека масовната вакцинација ќе донесе позитивна клима за посетеност на туристи во регионот на Охридското Езеро и пошироко и институциите ќе имаат можност да смислат Акционен план за зголемување на бројот на туристи“, изјавија од општина Поградец за Порталб.мк.

 

Какви капацитети за сместување и угостителство имаат Струга и Поградец?

Во Струга има капацитети за сместување 8-10 илјади туристи на ден, што значи дека има 4.000 соби со 8-10 илјади легла (хотели, мотели, кампови, соби, апартмани, куќи и други видови сместување). На целата територија на Струга има 60 ресторани со традиционален и модерен карактер, 50 капацитети за брза храна и 60 современи кафетерии за сите погодности и 20 туристички агенции за организирање туристички патувања.

Од другата страна на границата, во Поградец во моментов има 35 хотели со околу 2.000 легла. Вреди да се спомене фактот дека значителна тежина во Поградец има семејниот туризам, кој функционира во текот на летната туристичка сезона, од друга страна вреди да се напомене фактот дека членови на семејства од други градови во Албанија купиле станови во Поградец, и тие редовно престојуваат таму во периодот мај – октомври, со тоа проширувајќи го аспектот на разновидноста на туризмот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...