fbpx

За Велигден забрана за движење од петок од 16 часот, до вторник до 5 часот

-

Во време на велигденските празници што претстојат, Владата одлучи да го зголеми времетраењето на полицискиот час за уште еден ден, односно наместо само викендот,  забрана за движење се воведува и за понеделникот, денот после Велигден. Тоа значи, на сите граѓаните им се забранува движење од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април, до 5 часот, на територијата на целата држава.

„Останува активна забраната за движење за сите граѓани секој работен ден, од понеделник до петок, од 16 часот до 5 часот наредниот ден. Дополнително, од четврток 16 април во 16 часот, до вторник 21 април 5 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава“, соопшти Владата.

За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10 до 12 часот, а во  понеделник на 20 април за овие граѓани има целосна забрана на движење. За сите лица до 18 години останува активна забраната, од понеделник до петок, освен во периодот од 13 до 15 часот, а во понеделник на 20 април, за нив има целосна забрана.

Останува активна и забраната за движење на јавни места и површини во групи поголеми од две лица, при што не се вбројуваат лицата помали од 14 години. За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

„Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи“, стои во владиното соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...