fbpx

Препораки на МТСП до компаниите за заштита на работниците во погоните за производство

-

Министерството за труд и социјална политика, МТСП, апелира компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето, затоа што заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на економијата. „Владата и стопанството имаат иста цел – во услови кога се спроведуваат мерки и активности за заштита и превенција од ширење на корона вирусот, истовремено да се организира работењето на компаниите за што поефикасно справување со негативните последици. Апелираме до правните субјекти во оваа вонредна состојба, да покажеме одговорност. Инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките“, соопштија од Министерството за труд и социјална политика, МТСП.

Препораките на МТСП за организирање на работниот процес се следниве:

  • Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2м.
  • Во погонот задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини.
  • За време на работното време вработените да ги почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства на база на алкохол).
  • Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).
  • Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа.
  • Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш да се изолира и да се пријави до надлежен Центар за јавно здравје.
  • Да се избегнува меѓусебен контакт на вработените во погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.
  • Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето на хартиени докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици).
  • Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.
  • Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.
  • Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или по електронска пошта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...