fbpx

ЕК формираше заедничка залиха на маски, ракавици, лекови и медицинска апаратура

-

Европската Комисија (ЕК) денеска донесе одлука да се формира rescEU, заедничка залиха на медицинска опрема, како респиратори и заштитни маски, кои ќе се испраќаат онаму каде што се најпотребни во земјите-членки на ЕУ.

– Со оваа прва во историјата заедничка залиха на медицинска опрема за итни ситуации, ја претвораме солидарноста на ЕУ во дело. Таа ќе биде од полза на сите земји-членки и на сите граѓани. Помагањето едни на други е единствениот пат нанапред – рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен.

Заедничката залиха ќе вклучува медицинска апаратура за интензивна нега, како респиратори, потоа заштитни маски за повеќе употреби, лекарства и вакцини, како и лабораториски материјали. За таа цел, ЕК ќе финансира 90 отсто од залихите, кои ќе бидат складирани во една или повеќе земји-членки, а земјата што ќе има потреба од опремата од утре ќе може да ја побара преку Европската Комисија. За почеток, за заедничката залиха се наменети 50 милиони евра.

Паралелно со формалното формирање на „заедничкиот магацин“, членките на ЕУ, во рамките на Спогодбата за заеднички набавки, веќе заеднички набавуваат од погоренаведената опрема, со што многу се зајакнува нивната преговарачка позиција со производителите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...