fbpx
Таг: корона вирус

таг: корона вирус

Нема докази дека прекумерната смртност е резултат на вакцинацијата

Како што за Ројтерс потврдуваат независни експерти, со доведувањето во корелација меѓу целосниот број дози вакцини администрирани во Европа и стапките на смртност за само еден месец, се пропушта да се детектираат и другите потенцијални причини за смртноста и не се даваат никакви докази дека прекумерната смртност настанала токму поради вакцините против ковид-19, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Нови 72 ковид-позитивни, 70 отсто од активните случаи се во Скопје

Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека изминатиов викенд, од направени 871 тест се регистрирани 72 нови случаи на ковид-19. Најголем дел од новозаразените се од Скопје, каде изминативе три дена биле регистрирани 60 нови ковид случаи. Како што информира Министерството за здравство, од вкупниот број на позитивни биле регистрирани 18 реинфекции. Во текот на викендот, пак, биле регистрирани 161...

Бројот на позитивни на ковид-19 е под 500, денеска има 56 нови случаи

Податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажуваат дека во последниве 24 часа во земјава биле направени 529 тестови за ковид-19 и биле регистрирани 56 нови случаи. Од нив 36 се од Скопје, а останатите 20 од другите градови во кои има Центри за јавно здравје, информираат од Министерството за здравство. Во вкупниот број позитивни (56), имало 9 реинфекции, односно...

Регистрирани 10 нови случаи на ковид-19 помалку од вчера, 20 помалку од завчера

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа во земјава биле направени 644 тестови, а биле регистрирани 55 нови случаи на ковид-19. Оваа бројка на нови случаи е за 10 помалку отколку бројката соопштена вчера - 65 нови случаи, а за 20 е помала од бројката соопштена завчера, кога се регистрирани 75 нови случаи. Истовремено, и бројката...

Човек во Австралија починал поради напад од кенгур, а не поради ковид вакцина

Постот дезинформира дека се прикрива вистината во врска со настанот во Австралија кога човек починал откако бил нападнат од кенгур и паушално тврди дека тој умрел 24 часа после третата доза вакцина против ковид. Светските медиуми јавија дека роднина на починатиот маж го пронашол со сериозни повреди. На местото на настанот дошла и полиција, бидејќи кенгурот не ѝ дозволувал...

Не е потврдено дека децата се во огромен ризик од смрт и нуспојави по ковид вакцинацијата

Индивидуалните пријави и сите детали во системот на ВАЕРС не се потврдени и верифицирани, односно станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел. Со други зборови, станува збор за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење на нуспојавите. Системот не потврдува...

Не е точно дека Британија „тивко“ ја отстранува ковид вакцината за бремени жени

Велика Британија ги нема променето упатствата за користење на ковид вакцината за бремени жени. Корисниците на социјалните мрежи погрешно го интерпретираат делот од извештајот за вакцината на Фајзер кој што беше објавен кон крајот на 2020 година од Британската регулаторна агенција како дел од иницијалниот процес за одобрување на оваа вакцина. Агенцијата потврди за проверувачи на факти на Асошиејтед...

Нема докази дека синдромот од кој страда Џастин Бибер е поврзан со вакцината против ковид

Како што објавува Њујорк Тајмс, Рамзи Хант синдромот е невролошка состојба предизвикана од вирусот варичела зостер, истиот вирус кој предизвикува сипаници кај децата и кај возрасните. Различни експерти за проверувачите на факти на Ројтерс, потврдиле дека навистина имало испитувања за тоа дали има поврзаност меѓу Ремзи Хант синдромот и вакцината против ковид-19, меѓутоа резултатите досега се инконклузивни. Друг професор...

Не е точно дека на Олимписките игри во 2012 година била предвидена ковид пандемијата

Наспроти изнесеното во објавата, церемонијата од 2012 година траеше четири часа, а акцент беше ставен на британската историја и култура. Во еден дел од церемонијата ѝ се изразува почит на Националната служба за здравство на Велика Британија (владина програма која обезбедува здравствени услуги по ниски цени), но тоа во ниту еден случај не ја предвидува пандемијата, односно коронавирусот кој...

Вистиномер: Шефот на СЗО не признал дека е невакциниран, Тедрос примил вакцина против ковид уште во 2021 година

Изјавата на шефот на СЗО потекнува од едно интервју правено за филмот на HBO „Како да се преживее пандемијата“, но тој не кажува дека не е вакциниран, туку дека чекал да добие вакцина заедно со неразвиените, сиромашни држави на африканскиот континент. Тедрос во своите јавни настапи постојано повикува на свесност за еднаква дистрибуцијата на вакцините во насекаде во светот,...

Регистрирани нови 590 ковид случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 142 реинфекции. „Регистрирани сe 583 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Скопје (72г) и Охрид (82г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно...

Вистиномер: Нема докази дека германскиот министер за здравство добил нарколепсија од ковид вакцините

Видеото на кое се гледа германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах како да заспива, не докажува дека тој развил нарколепсија поради вакцините против ковид-19. Станува збор за видео извадено од контекст. Всушност, Лаутербах ја наведнува главата за да се фокусира на прашањето и за само 4 секунди тој се враќа во исправена позиција за да одговори, што може да...

Вистиномер: Со стари видеа лажно се прикажува падот на италијанската влада

Видеото во постот што го рецензираме претставува компилација од повеќе материјали од стари протести за различни причини и со различни барања, меѓу кои противење на зелениот ковид пасош, протести на студенти, како и протести на сопственици на ресторани. Па, наспроти тврдењето во постот, видеото не го илустрира „падот на владата во Италија“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Вистиномер: Не е точно дека „Модерна“ ја создала вакцината против ковид-19 пред да се појави коронавирусот

Вакцината на „Модерна“, спротивно на изнесеното во постот, не е создадена пред, туку по појавата на коронавирусот, а самата генетска структура на вирусот претставува основа за нејзиното создавање. Инаку, цела деценија пред појавата на коронавирусот се правени екстензивни истражувања на мРНК технологијата, што, пак, ѝ овозможи на „Модерна“ многу брзо да ја создаде вакцината против ковид-19, пишува Вистиномер.мк. Текстот подолу...

Вистиномер: Со невистини и манипулации се бара итно запирање на сите вакцини

Фејсбук објава, која е дел од антиваксерската кампања, ги наведува читателите да веруваат дека 40.000 луѓе починале само затоа што се вакцинирале, што не е точно. Како поткрепа на оваа неточна информација се користат цитати и изјави од псевдоорганизација која прави голема штета на колективното здравје, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Група која себеси се...

Вистиномер: Нема докази дека на ова видео се прикажани починати лица од вакцина во Диселдорф

Самиот факт што смртта настапила после вакцинацијата, не докажува дека вакцината ја предизвикала смртта и тоа го наведуваат сите релевантни државни агенции чија задача е да собираат пријави за несакани ефекти по имунизација. На видеото споделено во постот, евидентно е дека се гледаат само десетици листови хартија, но не се гледа ниту некаков лик, ниту пак, има доказ дека навистина...

Вистиномер: Се пропушта контекстот кога се тврди дека студија покажала оти ризиците од вакцината ги надминале придобивките

Спротивно на невистинитото тврдење изнесено во постот што го рецензираме, конкретната студија не е поддржана од Светската здравствена организација. Таа е во претпечатена верзија и не е прегледана од научната заедница. Освен тоа, студијата не докажува дека било кој од наводните несакани ефекти настапиле како резултат на вакцината и во истата не пишува дека ризиците од вакцинацијата со мРНК...

Регистрирани 168 нови случаи на ковид-19 во последното деноноќие, бројките растат

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19: Скопје – 91, Битола – 12, Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10, Велес – 9, Прилеп – 5, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Гостивар, Струга, Ресен и Крушево – по 2, Кочани, Неготино,...

За три дена, нови 180 ковид случаи

Министерството за здравство информира дека во последните три дена во земјава се направени 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 29 реинфекции. Евидентирани сe и 153 оздравени пациенти. Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице. Исто така, соогласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19...

Според главниот здравствен инспектор, Бугарија влегла во новиот бран на ковид-19

Веќе сме влезени во новиот бран на ковид-19, соопшти главниот здравствен инспектор на Бугарија, доц. д-р Ангел Кунчев во гостување на бугарската телевизија со национална концесија „Нова“ претпладнево. „Ние сме 3-4 седмици зад она што се случува во Западна Европа. во следните 2-3 седмици веројатно ќе се соочиме со засилен бран. Не е толку страшно и драматично, но фактички е...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...