fbpx

Регистрирани 10 нови случаи на ковид-19 помалку од вчера, 20 помалку од завчера

-

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа во земјава биле направени 644 тестови, а биле регистрирани 55 нови случаи на ковид-19. Оваа бројка на нови случаи е за 10 помалку отколку бројката соопштена вчера – 65 нови случаи, а за 20 е помала од бројката соопштена завчера, кога се регистрирани 75 нови случаи.

Истовремено, и бројката на направени 644 тестови е помала отколку вчера, кога беше соопштено за 695 направени тестови, но и многу помала отколку завчера, кога се направени 745 тестови.

Од вкупниот број новорегистрирани позитивни на корона вирусот, 15 се случаи на реинфекции, односно повторно заразување на лица што претходно имале ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица, додека вчера беше пријавен еден нов смртен случај. Дополнително согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Со денеска изнесените бројки, бројот на направени тестирања во земјава од почетокот на ковид-19 епидемијата се искачи на 2.166.201 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица, пак, се искачи на вкупно 343.263, бројот на оздравени пациенти е 333.274, на починати е 9.542, а бројот на активни случаи изнесува 447.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Premium WordPress Themes Free
download udemy paid course for free
download coolpad firmware
Download Premium WordPress Themes Free
free online course