За три дена, нови 180 ковид случаи

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните три дена во земјава се направени 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 29 реинфекции. Евидентирани сe и 153 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице. Исто така, соогласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица во претходниот период.

Досега во земјава се направени вкупно 2.078.512 тестирања. Вкупната бројка дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 313.540, бројот на оздравени пациенти е 303.648, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 570.