Тедрос Аденом Гебрејсус. Фото: СЗО

Изјавата на шефот на СЗО потекнува од едно интервју правено за филмот на HBO „Како да се преживее пандемијата“, но тој не кажува дека не е вакциниран, туку дека чекал да добие вакцина заедно со неразвиените, сиромашни држави на африканскиот континент. Тедрос во своите јавни настапи постојано повикува на свесност за еднаква дистрибуцијата на вакцините во насекаде во светот, особено во земјите  од Африка, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус на 11 август 2022 признал дека е невакциниран.

11.08.2022
Теодрос призна дека е „невакциниран“.
Во знак на протест, затоа што доаѓа од сиромашната земја Етиопија и сиромашната Африка, која, како што еднаш кажа на друго место, е во неповолна положба кога се работи за вакцинација и не сака да ја туркаат. Доволно е храбар да ги пушти другите први, вистински филантроп, стои во постот што го рецензираме.
Меѓутоа, ова не е вистина. Тедрос, кој е по потекло од Етиопија во едно интервју кажа дека чекал до мај 2021 година за да ја прими првата вакцина против ковид-19, бидејќи сакал да почека да се вакцинира тогаш кога ќе почне вакцинацијата во сиромашните африкански земји.
Портпаролот на СЗО за „Ројтерс“ изјави дека тврдењата дека Тедрос не е вакциниран се лажни.
Доктор Тедрос соопшти дека е вакциниран против ковид-19 во мај 2021 година, рече тој.

На 12 мај 2021 година Тедрос на Твитер напиша дека се вакцинирал против ковид-19 во универзитетската болница во Швајцарија и објави фотографија од вакцинацијата.

 

Во следен твит, шефот на Светската здравствена организација посочи дека производителите мора да се посветат и да осигураат еднаквост за сите луѓе во поглед на вакцинацијата.

 

Во подолго интервју правено за филмот на HBO „Како да се преживее пандемијата“, Тедрос нагласува   дека доаѓа од  Етиопија, сиромашна земја од сиромашн континент – Арфика и истакнува:

Со привилегиите кои ги имам, можеби имав шанса да ја  добијам вакцината прв. Не сакам да го злоупотребувам тоа, затоа што сакам да бидам потсетуван секој ден дека вакцинацијата треба да почне во Африка. Сакав да почекам додека Африка и други земји во други региони со ниски приходи ја почнат вакцинацијата. Имам искуство како здравствен работник и сум во ризичните групи. Во тој период почнаа да ги вакцинираат здравствени работници и ризични групи во Африка, па мислев дека ми е дојден редот и мене. Проверував кога би ми дошол редот кога би бил во Африка, а не во Женева. Протестирав.

И проверувачи на факти на „Асошиејтед Прес“ и на „Verify“, исто така, оцениле дека се невистинити тврдењта дека Тедрос не е вакциниран и посочуваат дека шефот на СЗО во ин терјуто  изјавил дека чекал да биде вакциниран тогаш кога сиромашните држави ќе добијат пристап до вакцината.

Инаку, Етиопија ја почна националната вакцинална кампања во март 2021 година со вакцинирање на здравствените работници во првите борбени редови против пандемијата. До 1 август 2022 само 21 процент од популацијата во Африка беше целоно вакцинирана.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Изјавата на шефот на СЗО потекнува од 2021 година, но тој не кажува дека не е вакциниран, туку дека чекал да добие вакцина заедно со неразвиените, сиромашни држави на африканскиот континент. Тедрос во своите јавни настапи постојано повикува на свесност за еднаква дистрибуцијата на вакцините во насекаде во светот, особено во земјите  од Африка.

Во текот на вакциналната кампања, различни центри лиферуваа невистинити тврдења дека политичари, функционери на високи позиции во здравствени организации и јавни личности се вакцинирани со „лажни вакцини“, а со цел да му наштетат на вакциналниот процес и да влеат сомнеж дека елитата, наводно, не ги добива вакцините како обичните граѓани, затоа што е штетна. Такви примери „Вистиномер“ има побивано многупати досега.

Напишете коментар