fbpx

Евидентирани 521 нов случаj на ковид-19 и тројца починати

-

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случај на ковид-19. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 120 реинфекции.

„Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Скопје (78г) и Струга (48г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин е регистрирано едно починато лице од Кичево (74г), починато во болнички услови. Лицето е пријавено за починато на 5. август“, наведено е во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи во моментовизнесува 3.595.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...