fbpx

Регистрирани нови 590 ковид случаи

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни лица, регистрирани се 142 реинфекции.

„Регистрирани сe 583 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, од Скопје (72г) и Охрид (82г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин во периодот пред последниве 24 часа, не се регистрирани починати лица“, информира министерството.

Досега во земјава се направени вкупно 2.137.986 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426, а бројот на активни случаи изнесува 3.564.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...