fbpx
Таг: Коридор 10

таг: Коридор 10

Немаме автопат, но на Коридорот 8 имаме повеќе возила отколку на Коридорот 10 [инфографик]

Изградбата на Коридорот 8 кон запад за Македонија во моментов е поисплатлива инвестиција од патниот Коридор 10. Податоците од автоматското и рачното броење на возилата на патните делници на овие два коридора што минуваат низ земјава покажуваат дека на патиштата од Скопје до македонско-албанската граница има поголема фреквенција на возила од патниот Коридор 10. Сепак, Македонија пред неколку години...

Собранието го усвои дневниот ред на седницата, на која се разгледуваат петте владини закони со ЕУ знаменце

Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 115-тата седница, откако претходно во претпладневните часови ја потврди потребата за носење на предложените измени на пет закони по скратена постапка, со употреба на системот на „европско знаменце“. Овие предложени законски измени Владата ги испрати до пратениците, откако претходно изминатиов петок беа усвоени на владина седница. Станува збор за предложените измени на Законот...

Гир: Загриженоста за користењето европско знаменце е кога нема усогласување со европската регулатива

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска реагираше дека земјава не може да го користи системот „европско знаменце“ при донесувањето на закони во Собранието, во случаи кога се усвојуваат законски решенија што не се во согласност со регулативата на ЕУ. Гир рече дека системот „европско знаменце“ при усвојувањето на закони во Собранието е дизајниран да се користи кога треба...

Објаснувањето на Груби за европското знаменце на законите за автопатите е контрадикторно

Не постои никаква логика европското знаменце да биде ставено затоа што ЕУ ги вброила коридорите 8 и 10 во геостратешки коридори. Впрочем и Делегацијата на ЕУ кажа дека не мисли така. Освен тоа, и самото наведување дека цената ќе била поевтина со измените е дискутабилно, зашто договорот нема превидено точна цена на изградба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Петте предлог-закони со европско знаменце од Влада стасаа во Собрание

Македонската влада ги испрати до Собранието на РСМ петте предлог-измени на законите кои ги усвои во петокот, а со кои би се зголемила ефикасноста во изградбата на инфраструктурните објекти од стратешки национален и јавен интерес. На веб-страницата на Собранието на РСМ е објавено дека овие предлог-закони со европско знаменце ќе се најдат пред пратениците на 115-тата седница закажана за...

Договорот со „Бехтел-Енка“ стигна до обвинителство, ВМРО-ДПМНЕ реагира

Јавното претпријатие за државни патишта вчера до обвинителството го доставило потпишаниот договор за изведба и надзор над изградбата на автопати на Коридорите 8 и 10д, по доставеното барање на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. „Претходно, ЈП Државни патишта до обвинителството ги достави броевите на огласите од јавните набавки поврзани со Коридорите 8...

Владата до Собранието достави пет предлог закони со европско знаменце за Коридорите 8 и 10д

Владата на денешната седница усвои пет предлог закони со европско знаменце кои ќе ги достави до пратениците во Собранието, а кои се однесуваат на изградбата на инфраструктурни проекти од национален и јавен стратешки интерес, вклучувајќи ги и автопатите од Коридорите 8 и 10д. За ова денеска информираше вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција, на која потенцираше дека со промените на...

Од 8 до 20 мај ќе има затворање на пругата Велес-Гевгелија

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради реконструкција на пругата ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Во овој период, патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути,...

Коридорите 8 и 10д и договорот со Бехтел и Енка – главна тема на пратенички прашања

Изградбата на коридорите 8 и 10д и договорот со „Бехтел и Енка“ беше главна тема на денешните пратенички прашања во Собранието. Пред пратениците најдолго образложуваше премиерот Димитар Ковачевски, кој рече дека „овој проект значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2% годишно во наредните 5 години“. На седницата за пратенички...

МТСП: Работниците на Коридорите 8 и 10д ќе потпишуваат изјава ако сакаат да работат прекувремено

Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено, а доколку не сака, нема да биде принуден со сила, велат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а во врска со ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д. „Согласно законот, работниците ќе имаат и слободен ден. Законите постојат за да ги штитат граѓаните....

Груби: Наместо милијарда евра за стиропор и споменици, вложуваме средства во автопати

Наместо 1 милијарда евра кои претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги потроши на стиропор и споменици, актуелната власт таа милијарда ќе ја даде на автопати за да ги спои граѓаните. Ова го изјави првиот вицепремиер Артан Груби на денешната конференција „Бехтел и Енка - можности, предизвици и одговорности“. Тој рече дека во неколку наврати се сретнал и со лидерот на...

Започнува реализацијата на договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д

Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека од денеска започнува реализацијата на Договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д. Според договорот, од денеска започнуваат подготвителни работи, снимање на теренот, подоготовка на урбанистички проекти, основни проекти, со цел да се отпочнат и постапките за експропријација и проектирање. Паралелно со ова започнува мобилизација на персонал за...

Договорот за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе биде презентиран пред пратениците

Македонската влада информира дека претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д, вклучени во изградбата на автопатите, ќе ја презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура. „Целта е, пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од Договорот за изградба на двата коридора,...

Распишан оглас за триесетина работни места за коридорите 8 и 10д

Јавното претпријатие за државни патишта објави огласи за работа за триесетина работни места поврзани со коридорот 8 и 10д кој треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ во партнерство со државата. Работното време изнесува 40 часа, а највисоката плата, за помошник на главниот координатор на проектот изнесува 70 илјади денари. Во огласот, меѓудругото се бараат и четворица специјалисти за...

Брзањето на законските измени за изградба на автопатите ја отвара Пандорината кутија

Скратените постапки со брзање и непрецизни законски формулации во законите кои се поврзани со изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д би можеле да ги нарушат правилата на еднаквост и фер пристап, коишто хипотетички во иднина би можело да резултираат со евентуални тужби од други компании и плаќање на отштети од страна на државата. Ова беше кажано на...

Повторно машини на автопатот Петровец-Катланово, обновата ќе заврши годинава

Обновата на автопатот Петровец-Катланово продолжи по неколкумесечна пауза. Нов изведувач за довршување на делницата, чија реконструкција започна во септември 2020 година, е турската компанија „Макимсан“. Најновото владино ветување е дека високофреквентната делница меѓу Скопје и Велес ќе биде готова до крајот на годинава. Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие...

„Бехтел-Енка“ ќе проектира и ќе гради, а кој сака би работел 60 часа за повеќе пари

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ за да ги изгради автопатите ќе треба да користи барем половина од ресурсите во државава, при што како подизведувачи би биле ангажирани механизација и градежни компании. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека не треба да постои сомнеж за изградбата на четирите автопати, но и додаде дека договорот со овој конзорциум не се објавува бидејќи има доверливи податоци...

Законските измени ќе ја забрзаат изградбата на автопатите, договорот со „Бехтел-Енка“ останува тајна

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ единствено што знае е да шири хистерија, лаги и да блокираат во Собранието на РСМ и тоа го прават со сите законски решенија веќе подолг период наназад, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по бројните обвинувања на опозицијата во врска со предложените измени и дополнувања на осум закони кои се наоѓаат во Собранието и во однос на...

Власта вели дека нема да плаќаме пенали ако Собранието ги отфрли законите за автопатите

Владејачката партија СДСМ се јави со реакција, тврдејќи дека ВМРО-ДПМНЕ намерно шири лаги околу законските измени и дополнувањата со кои би се забрзала изградбата на автопатите на Коридорите 8 и 10д. Од СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за проектот вреден 1,3 милијарди евра, со кој ќе се изградат на автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требениште-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола на Коридорите 8 и...

Мноштво реакции за законските измени за изградба на автопатите што се во Собрание

Предложените измени и дополнувања на осум закони за забрзување на изградбата на автопатите од „Бехтел-Енка“ откако вчера поминаа на прво читање во Собранието на РСМ, денеска експресно се најдоа пред дел од собраниските комисии. Во собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска се најдоа на разгледување предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи. Веќе утре, во...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...