fbpx

Од 8 до 20 мај ќе има затворање на пругата Велес-Гевгелија

Патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути, односно ќе поаѓа во 18:20 часот

-

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради реконструкција на пругата ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ.

Во овој период, патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути, односно ќе поаѓа во 18:20 часот.

На 14 мај (недела) возот со број 632 на релација Гевгелија – Скопје ќе сообраќа по возен ред.

Причина за затворање на пругата е изведувањето на реконструктивни работи од страна на изведувачот „Штрабаг“ на пругата Ногаевци-Неготино, во делот меѓу станиците Кукуричани и Криволак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...