fbpx
Таг: концерт

таг: концерт

ВИДЕО: Првите пукотници во салата „Батаклан“

Кратка снимка на која се слуша самиот почеток на пукањето во концертната сала „Батаклан“, се појави на „Јутјуб“. Во првите мигови, членовите на бендот, кои ја прекинуваат свирката, но и публиката во првите редови, не знаат што се случува. https://www.youtube.com/watch?v=sDUL9ra6nz8

Дуке Бојаџиев за 2016 година најави концерт во Скопје

На 20 февруари во арената „Метрополис“ во Скопје, ќе се одржи концерт на композиторот, пијанист и продуцент Дуке Бојаџиев, насловен „Дуке и пријателите“. На својот најголем концерт во досегашната кариера, Дуке ќе настапи заедно со своите пријатели и соработници: пејачките Каролина Гочева и Тања Царовска, актерот Никола Ристановски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистот Матијас Кунзли - сите придружувани од камерен оркестар. Ова...

Охридски хорски фестивал-распеани паркови и шеталишта

Од синоќа до 31-ви август. во Охрид се одржува осмото издание на Охридскиот хорски фестивал, впечатлива манифестација која им дава распеаност и разиграност на многу локации во централното градско подрачје. Учествуваат 22 хорови од 11 европски земји. Фестивалот има ревијален и натпреварувачки дел кој опфаќа неколку категории. Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна музика, поп и фолк...

Откажан вториот концерт на „Лајбах“ во Северна Кореја

Вториот концерт на групата „Лајбах“ во Пјонгјанг е откажан поради технички причини, јавува словенечката агенција „СТА“. „Лајбах“ синоќа влезе во историјата како прв бенд од Западот кој одржал концерт во главниот град на Северна Кореја. Групата, како што пренесуваат светските медиуми, добила овации на првиот од двата планирани концерти, но властите на оваа затворена комунистичка држава, во последен момент, го цензурирале...

„Охридско лето“: Ефектна завршница на музичката програма

Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето”, синоќа, во преполнетата црква „Св. Софија”, на публиката и приреди ефектна завршница на музичката програма, со концертот на прославениот руски пијанист, Максим Венгеров, во пијано придружба на Ерменецот Ваг Папијан. Венгеров свиреше на Страдивари виолина која му припаѓала на Кројцер (1727). Максим Венгеров, синоќа, во „Св.Софија“, како што самиот ја дефинираше, заедно со Папијан, одличен...

Максим Венгеров: Св.Софија поседува магична енергија

Mаестро Максим Венгеров, виолинистот со чиј концерт во црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот ќе заврши музичката програма на 55-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“, вели дека му е голема чест да настапи на фестивалот. - Голема чест ми е да настапувам на фестивал каков што е Охридско лето. Би сакал да се заблагодарам на организацијата на...

Утре завршува јубилејното 55. „Охридско лето“

Утревечер, на отворената сцена Долни Сарај, со дрaмската претстава „Figurae veneris historiae“ од Горан Стефаноски, во изведба на СНГ - Драмата од Љубљана, Словенија, во режија на Александар Попоски, ќе биде спуштена завесата од јубилејното, 55. „Охридско лето“. Одличен текст, одбрана актерска екипа, звучно режисерско име. Сите предуслови, за претстава за паметење, не случајно одбрана за крајот на фестивалот. Поповски е...

Во Битола „Незаборав“ за Гоце Николовски

Битола е подготвена за шестиот по ред „Незаборав“ кој годинава е посветен на македонскиот пејач Гоце Николовски кој прерано замина од овој свет. Со концерт во живо кој ќе започне утре во 20 часот во големата сала на Центарот за култура, групата „Калабалак" и пејачите Зоран Маневски, Сефедин Бајрамов и Бојан Стојков, ќе се обидат да ги вратат спомените за...

Традиционална француска вечер на фестивалот „Охридско лето“

Програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе биде исполнета со традиционалната Француска вечер. Концерт во црквата „Света Софија“, од 21 часот, ќе одржат кларинетистот Мишел Летјек, заедно со квартетот „Жирард“ во состав, Иго Жирард и Агат Жирард – виолина, Одон Жирард - виола и виолончелистот Луси Жирард. Францускиот кларинетист Мишел Летјек во моментов работи како професор на Националниот конзерваториум за...

„Охридско лето“: Концерт на Сихана Бадивуку-Хоџа и на Маја Кастратовиќ

Денешната програмска вечер на фестивалот „Охридско лето“, во црквата „Св. Софија“, ќе ја исполнат Сихана Бадивуку-Хоџа на виолина и Маја Кастратовиќ на пијано, истакнати музички уметници од Македонија. Сихана Бадивуку-Хоџа своите студии ги почнува на возраст од само 16 години на Државниот конзерваториум во Киев, а една година подоцна заминува на Државниот конзерваториум во Москва, каде ги завршува своите додипломски...

Вечерва во Антички театар, Дуке Бојаџиев со својот проект „Сон, верба, љубов”

Вечерва, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во Антички театар, концерт ќе одржи еден од нашите најдобри современи пијанисти и композитори, Дуке Бојаџиев, со својот фантастичен проект „Сон, верба, љубов“. Бојаџиев ќе настапи со својот ансамбл од специјални гости: Исмаил Лумановски - кларинет, Тања Царовска - вокал, Мартин Ѓаконовски - контрабас, Мартина Блажеска - вокал, Костас Анастасиадис - перкусии, Владимир...

„Охридско лето“: Вечер за концерт, претстава и за изложба 

Колажна вечер, од музички концерт, драмска претстава и од ликовна изложба, реализираше синоќа фестивалот „Охридско лето“. И трите настани беа исклучително добро посетени, со полни гледалишта. На Малата сцена во центарот од култура „Григор Прличев“, актерите од Народниот театар на Центарот, ја прикажаа фестивалската премиера на претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ. Во преполнетата „Св.Софија“, женскиот камерен...

Богат програмски ден на „Охридско лето“: Концерт, претстава, изложба

Денеска исклучително богат програмски ден на „Охридско лето“, со музички концерт, драмска претстава и со ликовна изложба. Со почеток од 21 часот, на Малата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се прикаже премиерата на претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, со охридскиот Народен театар. Претставата е во режија на младата Нела Витошевиќ, која претпладнево во Дирекцијата на фестивалот одржа...

Концерт на Солозобова и на Броневецки во „Св. Софија“

Марија Солозобова од Русија на виолина и Владислав Броневецки од Шпанија на пијано, ќе одржат концерт во „Св. Софија“, во рамките на „Охридско лето“. Марија Солозобова е една од највпечатливите виолинистки на својата генерација, со  кариера во постојан подем. Настапува во најпрестижните дворани во светот, како „Викторија хол“ во Женева, „Тонхале“ во Цирих, „Концертхаус“ во Виена, Големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“...

„Охридско лето“: Босански севдах и балканска традиционална музика со „Амира трио“

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на „Света Софија“, од 21 часот, публиката ја очекува средба со босанскиот севдах и со балканска традиционална музика. Настапува „Амира трио“ на вокалот Амира Медуњанин, а во кое се и Звонимир Шестак - контрабас и Анте Гело - гитара, и двајцата од Хрватска. На програмата се и неколку македонски обработки. - Се подготвуваме за...

Одличен настап на Стефан Миленковиќ со „Танго компас“

Ниту дождот, ниту децибелитe што доаѓаа од концертот на Здравко Чолиќ не ги спречија синоќа во Антички театар, виолинистичкиот виртуоз Стефан Миленковиќ и „Танго компас“ да приредат незаборавно музичко доживување. Концертот го проследија повеќе илјади љубители на музиката, меѓу нив и министрите за култура, Елизабета Канчевска - Милевска, и за информатичко општество и администрација, Иво Иваноски. Концертот, како прекрасени спој на...

„Охридско лето“: Концерт на камерниот оркестар на „Музичка младина на Македонија“

На програмата на меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“, вечерва, од 21 часот, во црквата „Св. Софија“, целовечерен концерт ќе има камерниот оркестар на „Музичка младина на Македонија“, под диригентска палка на Елена Митревска. „Музичка младина на Македонија“ е национална невладина организација, која работи со и за млади луѓе, развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи го нивното почетно јавно претставување на полето...

„Охридско лето“: Концерт на музичка тројка од Албанија

Според програмата на „Охридско лето“, вечерва во црквата „Св.Софија“ ќе настапат Клаиди Сахатчи (виолина), Мерита Реџа Тершана (пијано) и Пјетер Гураљуми (виолончело), сите од Албанија. На програмата се дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Цезар Франк и на Феликс Менделсон. Пијанистката Мерита Реџа Тершана е добитник на повеќе награди, меѓу кои и наградата за најдобар изведувач на годината, која ја добива во 2009...

Џез-концерт на „Скопско лето“

Интернационалниот „Цспс џез ансамбл“ ќе одржи концерт во Сули- ан, Факултет за ликовни уметности, вечерва од 20.30 часот во рамки на „Скопско лето“. Во него членуваат: Дејв Вилсон од САД (баритон-саксофон), Стелиос Цаѕиклеас од Грција (труба) и македонските музичари Кирил Кузманов (алт-саксофон), Иван Иванов (тенор-саксофон), Бојан Петков (гитара) Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Ратко Даутовски (перкусии). - И покрај тоа што станува збор за релативно млади...

Морисеј во Скопје на 16 октомври

Концерт во Скопје на 16 октомври ќе одржи британската рок-легенда Морисеј. Концертот ќе се одржи во СРЦ „Кале“.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...