Традиционална француска вечер на фестивалот „Охридско лето“

-

Програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе биде исполнета со традиционалната Француска вечер. Концерт во црквата „Света Софија“, од 21 часот, ќе одржат кларинетистот Мишел Летјек, заедно со квартетот „Жирард“ во состав, Иго Жирард и Агат Жирард – виолина, Одон Жирард – виола и виолончелистот Луси Жирард.

Францускиот кларинетист Мишел Летјек во моментов работи како професор на Националниот конзерваториум за музика во Париз, а воедно е и уметнички директор на престижниот фестивал „Пабло Касалс“ во Прадес.
Тој се смета за една од најеминентните фигури на светската музичка сцена. Во неговата завидна биографија впишани се настапи со некои од најреномираните изведувачи (Леонидас Кавакос, Франс Хелмерсон, Патрик Галоа и други) и со оркестрите (Санктпетербуршката филхармонија, Прашкиот радиооркестар, Филхармонијата на француското радио и други). Посветен е на современата музика, и затоа многу често премиерно изведува дела и концерти на голем број современи композитори, меѓу кои и Кшиштоф Пендерецки, Џон Кориљано, Криштоф Маратка, Марсел Ландовски, Тамезо Нарита и многу други.

Квартетот „Жирард“ е составен од едно семејство – двајца браќа и две сестри. Сите тие се дипломирани студенти на Конзерваториумот за музика во Париз. Квартетот е добитник на повеќе награди на национални и интернационални натпревари, како и неколку стипендии од различни фондации во Франција.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...