понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: охридско лето | 71 резултати

Кореографката Рисима Рисимкин ќе го одбележи својот јубилеј на Охридско лето

август 18, 2020

Една од водечките домашни кореографи, уметнички директор на светски реномираниот „Скопје танц-фест“ и основач на првата официјална компанија за современ танц во земјата, Рисима Рисимкин, слави јубилеј, триесет години активно кореографско творештво, како дел од овогодинешното издание на Охридско лето. Со делото „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ денеска во 21 часот во Предворјето […]

Промовирана монографијата „Фестивалска приказна“ по повод 60-годишниот јубилеј на „Охридско лето”

август 15, 2020

Во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид вчеравечер беше промовирана монографијата „Фестивалска приказна – Охридско лето 1961 – 2020“ од авторките Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева-Ангеловска. Шестата по ред фестивалска монографија се промовира по повод јубилејот, 60 години од постоењето на фестивалот „Охридско лето“. Снежана Анастасова-Чадиковска е истакнат академски музичар, пијанист, педагог и музички […]

Вечерва започнува јубилејното 60. издание на Охридско лето

август 4, 2020

Вечерва во Антички театар ќе започне јубилејното 60. издание на Охридско лето со вечер посветена на творечкиот опус на основоположникот на овој фестивал, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ. Фестивалот, традиционално ќе го отвори покровителот на оваа културна манифестација претседателот, Стево Пендаровски. Концертот на арии насловен како „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“, ќе […]

Под посебни протоколи, Охридско лето ќе започне со вечер посветена на Ана Липша Тофовиќ

јули 30, 2020

Во знакот на основоположникот на Охридско лето, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ, годинава со вечер посветена на нeјзиниот творечки опус ќе започне годинешново јубилејно 60-то издание на фестивалот Охридско лето. На 4-ти август ќе блесне сцената на Античкиот театар со концертот на арии насловен како „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“,  во изведба […]

Фестивалот „Охридско лето“ годинава ќе се адаптира на препораките за борба против ковид-19

јуни 10, 2020

Подготовките за реализација на годинешново 60-то јубилејно фестивалско издание на „Охридско лето“ започнаа веднаш по завршувањето на минатото издание. Повеќето работи до овој период од годината се завршени, но дирекцијата на фестивалот периодов работи на прилагодување на некои фестивалски активности на новонастанатата состојба со ковид-19 во нашата земја. Од фестивалот велат дека постојано се во […]

„Охридско лето“ помеѓу најдобрите фестивали на европската културна сцена

април 19, 2019

Фестивалот „Охридско лето“ е на високото трето место во Европската асоцијација на фестивали (ЕФА). Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ вели дека европските делегати едногласно ја дале поддршката на нашиот фестивал за да биде меѓу најдобрите на европската културна сцена, поради големината на богатата историја на оваа културна манифестација. Претставниците на европските фестивали-членки на Асоцијацијата […]

Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид

септември 28, 2018

„Долни Сарај“, една од најубавите и најрепрезентативни сцени во Охрид ќе добие нов, функционален и модерен изглед со реконструкцијата што следува во текот на наредниот период. „„Долни Сарај“ која е една од најубавите сцени во градот ќе го добие заслужениот лик и ќе претставува најсоодветното место за настапите на уметниците од целиот свет кои учествуваат […]

Оливер Арсовски разрешен од директорското место на фестивалот „Охридско лето“

јули 23, 2017

Досегашниот директор на Националната установа „Охридско лето“, Оливер Арсовски, од вчера со решение на Министерството за култура е разрешен од функцијата. За в.д. директорка е назначена Сузана Вренцовска, досегашната портпаролка на манифестацијата. Арсовски за порталот „СДК“ потврди дека е разрешен од функцијата. На прашањето зошто е разрешен среде траење на фестивалот, Арсовски рече дека нема […]

Светската атракција „Гласот на Јунан“ од Кина гостуваше во Охрид

јануари 29, 2017

Светската атракција „Гласот на Јунан“ од Кина настапи во Центартот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Ансамблот од Пекингшката академија на традиционалната музика, приреди музички спектакл од највисок ранг. Класичната кинеска музика пренесувана низ генерации беше дел од перформансот, која исто така восхитува со богатата фолклорна култура од различните региони на Кина. – Кинеската музика може да […]

Во Македонија гостува „Гласот на Јунан“, светската атракција од Кина

јануари 26, 2017

Со два концерти, вечерва во Скопје и еден в сабота во Охрид, во Македонија гостува светската атракција од Кина „Гласот на Јунан“. Овој музички спектакл на ансамблот од Пекиншката академија на традиционалната музика, го организира Фестивалот „Охридско лето“. Класичната кинеска музика пренесувана од генерации на генерации е дел од овој перформанс, исто како што е […]

Кадровски промени во менаџментот на фестивалот „Охридско лето“

септември 23, 2016

Ѓорѓи Цуцковски, првенец на oперата при МОБ, е назначен за нов музички селектор на фестивалот „Охридско лето“. Цуцковски ја наследува Гордана Јосифова-Неделковска, која цела деценија ја конципираше музичката програма на фестивалот. На местото на досегашниот драмски селектор, Ѓорѓи Јолески, пак, доаѓа актерот Зоран Љутков. Пред почетокот на годинешното издание на фестивалот, за нов директор беше назначен […]

Фестивалот „Охридско лето“ завршува вечерва

август 20, 2016

Годинешното 56. издание на „Охридско лето“ свечено ќе биде затворено вечерва, во предворјето на црквата Св. Софија, со изведба на песни од театарски претстави, создавани во периодот од 2003 до 2013 година. Изборот на песни и претставата насловени „На светов убавина“ се на Горан Трајкоски. Трајкоски реализирал музика за повеќе од 50 театарски претстави како и […]

Претпоследна фестивалска вечер на „Охридско лето“

август 19, 2016

Вечерва е претпоследната програмска фестивалска вечер на „Охридско лето“. Целовечерен концерт ќе има руското виолинистичко-пијанистичко дуо Вадим Репин – Андреј Коробејников, во црквата Св.Софија со почеток во 21 часот. Свеченото затворање на фестивалот годинава ќе биде со песни од театарски претстави на Горан Трајкоски во периодот од 2003 до 2013 година.

Со „Спобудалената локомотива“ вечерва завршува драмскиот дел на „Охридско лето“

август 18, 2016

Со претставата „Спобудалената локомотива“ од Станислав Игнаси Виткиевич во изведба на Словенечкиот народен театар – Драма театарот од Љубљана, а во режија на Јернеј Лоренци, вечерва завршува драмскиот дел од годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. Станислав Игнаси Виткиевич е еден од најкомплексните автори на полската и светската авангарда, а денес еден од класиците на […]

Пијанистички концерт и проекција на филмот „Исправи се Делфина“ на „Охридско лето“

август 16, 2016

Фестивалот „Охридско лето“ влегува во последната седмица од својата 40-дневна програма. Вечерва ќе има два настана – пијанистички концерт и проекција на филмот „Исправи се Делфина“. Последната приредба е в сабота. Во 21 часот, во црквата Св. Софија ќе настапи рускиот пијанист Петр Лаул, со дела од Ф. Шуберт и М. Мусоргски. Во рамките на […]

„Охридско лето“ го презакажа вечерашниот концерт на Ана и Игор Дурловски

август 8, 2016

Фестивалот „Охридско лето“, вечерва нема да организира настани, поради трагичните настани со поплавите и човечките жртви и поради прогласениот Ден на жалост. Вечерашниот концерт на Ана Дурловски Игор Дурловски заедно со Оркестарот на Македонската Филхармонија под диригенската палка на Борјан Цанев, е презакажан за утре, 9. август во Центарот за култура „Григор Прличев” со почеток […]

„Охридско лето“: Вечерва настап на Артуро Сандовал во Античкиот театар

август 6, 2016

Вечерва, во стандардниот термин од 21 часот во Античкиот театар во Охрид, во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“, ќе настапи џез-трубачот Артуро Сандовал од Куба. На програмата се дела од џез-музиката, кои Сандовал ќе ги исполни заедно со својот бенд во состав Џон Белзагај – бас, Тики Пасиљас – перкусии, Дејв Сигел – […]

Фестивалот „Охридско лето“ одбележа 56 години постоење

август 5, 2016

Синоќа, со концертот на триото на Дамјан Пејчиновски на плажата Куба либре, фестивалот „Охридско лето“ го прослави својот 56. роденден. Пред тоа, пред бројните љубители на уметноста, пријатели на фестивалот, директорот на оваа музичко-сценска манифестација, Оливер Арсовски, ја пресече роденденската торта. – „Охридско лето“ испишува уште една успешна година во богатата фестивалска историја. Им се […]

Триото на Дамјан Пејчиновски вечерва на „Охридско лето“

август 4, 2016

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва, од традиционалните сцени, ги сели публиката и изведувачите во „Куба либре“, на брегот на Охридско Езеро. Концерт ќе го исполни гитаристот Дамјан Пејчиновски со неговото трио во кое настапуваат и Горан Гешовски на бас-гитара и Стефан Миладинов на гитара. На програмата се класични дела во џез-аранжмани, како и дела од правецот џипси-џез.

Вечерва на „Охридско лето“ претставата „Бар Ремарк“

август 3, 2016

На музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“, публиката вечерва ќе може да ја проследи премиерата на театарската претстава „Бар Ремарк“. Претставата е работена по текстот „Тројца другари“ од Ерих Марија Ремарк, а ја режира Александар Бартман. Ја играат актерите од  Народен театар од Битола, на сцената во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток од 21 часот.

Страна 1 од 4