Во Македонија гостува „Гласот на Јунан“, светската атракција од Кина

-

Со два концерти, вечерва во Скопје и еден в сабота во Охрид, во Македонија гостува светската атракција од Кина „Гласот на Јунан“.

Овој музички спектакл на ансамблот од Пекиншката академија на традиционалната музика, го организира Фестивалот „Охридско лето“.

Класичната кинеска музика пренесувана од генерации на генерации е дел од овој перформанс, исто како што е и восхитувачки богатата фолклорна култура од различните региони на Кина.

– Кинеската музика може да се пофали со историја која се протега и до неколку илјади години во минатото, а токму провинцијата Јунан е позната по исклучително високиот степен на етничка разноликост. Тука припаѓаат најголемиот број етнички групи помеѓу провинциите на Кина. Од 56 официјално признати етнички групи на Кина, дури 25 се наоѓаат во Јунан – велат од „Охридско лето“.

Билетите за двата концерти се веќе во продажба преку продажната мрежа на „МК тикетс“, по цена од 300 денари за концертот во Скопје и 200 денари за концертот во Охрид.

Дисциплинска постапка за здравствените работници во прилепската болница, бара ДСЗИ по смртта на двете новороденчиња

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе бара спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници од прилепската Општа болница кои учествувале во лекувањето и исписот на двете новороденчиња –...

Доналд Трамп го помилува основачот на веб-страницата за продажба на дрога „Силк Роуд“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го помилувал Рос Улбрихт, основачот на „Силк Роуд“ (Silk Road), подземна веб-страница за продажба на дрога, пренесе Асошиејтед Прес (АП). Улбрихт беше осуден на доживотен...

ИЈЗ: За само еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања

Во текот на месец декември 2024 година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пристигнале вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни заразни заболувања (без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и...

Индекс на младинско учество: Социјалните бариери ги оддалечуваат младите од вклученост во заедницата

Многу мал процент млади, како на национално, така и на локално ниво, се вклучени во политичкиот живот. Четвртина од младите не се вработени, не се образoваат ниту се обучуваат, а се...

Дисциплинска постапка за здравствените работници во прилепската болница, бара ДСЗИ по смртта на двете новороденчиња

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе бара спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници од прилепската Општа болница кои учествувале во лекувањето и исписот на двете...