fbpx
Таг: охридско лето

таг: охридско лето

Триото на Дамјан Пејчиновски вечерва на „Охридско лето“

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва, од традиционалните сцени, ги сели публиката и изведувачите во „Куба либре“, на брегот на Охридско Езеро. Концерт ќе го исполни гитаристот Дамјан Пејчиновски со неговото трио во кое настапуваат и Горан Гешовски на бас-гитара и Стефан Миладинов на гитара. На програмата се класични дела во џез-аранжмани, како и дела од правецот џипси-џез.

Вечерва на „Охридско лето“ претставата „Бар Ремарк“

На музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“, публиката вечерва ќе може да ја проследи премиерата на театарската претстава „Бар Ремарк“. Претставата е работена по текстот „Тројца другари“ од Ерих Марија Ремарк, а ја режира Александар Бартман. Ја играат актерите од  Народен театар од Битола, на сцената во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток од 21 часот.

„Охридско лето“: Празнична програма со литванскиот „Хортус музикус“

Дирекцијата на музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“ одбра вечерва, за илинденската празничната програма, да ја исполни со настапот на ансамблот „Хортус Музикус“. Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се „Кармина Бурана“ од Карл Орф и традиционални еврејски песни. „Хортикус музикус“ е еден од најстарите ансамбли во Источна Европа. Основан е во 1972 година од...

„Сонети“ од Шекспир вечерва на „Охридско лето“

Во рамките на „Младото театарско лето“ на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“, Народниот театар од Битола ќе ја одигра театарската претстава „Сонети“ од Вилијам Шекспир во режија на Ангелчо Илиевски и на Јован Ристовски. – Да се работи текст на Вилијам Шекспир е во исто време и предизвик и задоволство, но кога станува збор за...

Охрид го живее шпицот на главната туристичка сезона

Викендов Охрид го живее шпицот на главната туристичка сезона. Традиционално, Охрид доживува кулминација на туристичкото и културно-забавно пулсирање, за илинденскиот викенд. Со оглед на фактот што 2 Август годинава е во работен ден, во вторник, на гостите им преостана да го искористат овој викенд. Петокот вечерта и саботата наутро, во Охрид се влегуваше со илјадници автомобили, пред сè, од Скопје, Битола, Кичево...

На „Охридско лето“ театарска претстава „Арторкестра“ од Букурешт

Вечерва на програмата на „Охридско лето“ е театарската претстава „Арторкестра“ на Националниот театар „И.Л. Карагиале“ од Букурешт, во режија на Хорија Суру. Најавена е како хумористичната приказна, во која тројцата ликови се борат за непредвидливата патека која води кон сцената. Претставата е во рамките на „Младо театарско Охридско лето“, а ќе се одигра во предворјето на црквата „Св. Софија“, со почеток...

Гитара-квартетот „Аигета“ од Монте Карло вечерва на „Охридско лето“

Вечерва, во редовниот термин од 21 часот, во црквата „Света Софија“, концертно ќе се претстават членовите на „Аигета“, гитара-квартет од Монте Карло. Подемот на квартетот „Аигета“ почнува во 1982 година, кога настапуваат со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, и оттогаш постојано се присутни на светската музичка сцена. Ансамблот го сочинуваат четворица извонредни гитаристи – Франсоа Сони, Александре Дел Фа, Филипе Лоли...

„Охридско лето“: Вечерва концерт на Максим Венгеров и на „Менухин академи солоист“

На централната музичка сцена, катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, вечерва во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе настапи рускиот виолинист Максим Венгеров, заедно со камерниот ансамбл „Менухин академи солоист“ од Швајцарија. Во камерниот ансамбл „Менухин академи солоист“, основан во 1977 година од познатиот виолинист Јехуди Менухин, членуваат млади виолинисти, виолисти и виолончелисти од целиот свет. Од 2011...

Вечерва на „Охридско лето“ гостува Турскиот театар од Скопје

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на црквата „Света Софија“, гостува Турскиот театар од Скопје со претставата „Комедија на грешки“ од Вилијам Шекспир, во режија на Коле Ангеловски. Текстот „Комедија на грешки“ е меѓу првите комедии што ги напишал Вилијам Шекспир и е базиран на постар текст од Плаут, од римско време, а за првпат е изведен во 1594 година. Инспирирана...

„Филигранска приказна“ на Мирјана Николоска на „Охридско лето“

Како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, синоќа во Куќата на Уранија беше отворена изложбата на филиграни на авторката Мирјана Николоска, насловена „Филигранска приказна“. Изложбата ја отвори градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Мотивите на делата на Николоска се црпени од флората и од фауната, од македонското народно творештво, релјефи, мозаици, но и од реплики на парчиња што би можеле да се...

Традиционална полска вечер на „Охридско лето“

Во централниот музички храм, црквата „Света Софија“, вечерва на фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи традиционалната полска вечер. Целовечерната програма ќе ја исполни македонскиот камерен оркестар „Македонски виртуози“, со солистот Маријан Собула (пијано) и со составот „Глас дуо“, заедно со диригентот од Полска, Јацек Рогала. Концертната дејност на Рогала се протега и надвор од eвропските граници, и тоа во Канада, Еквадор,...

Канческа-Милевска им подари вредни артефакти на Гаранча и на Марин

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, им подарила вредни артефакти на оперската пејачка Елина Гаранча и на романскиот диригент Ион Марин, соопштија од „Охридско лето“. Канческа-Милевска по спектакуларното отворање на 56. издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа се сретнала со ексклузивните гости кои ги освоија симпатиите на публиката во Античкиот театар. „Таа им го честиташе успешниот настап на нашиот најреномиран музичко-сценски фестивал и...

Отворен меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“

Со настапот на оперската дива Елина Гаранча од Латвија, во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и австрискиот диригент, маестро Ион Марин, синоќа на сцената на Античкиот театар беше отворено 56. издание на фестивалот „Охридско лето“. Публиката го исполни гледалиштето за што од изведувачите за возврат доби беспрекорни изведби на музичките дела од композиторите Глинка, Чајковски, Масне, Сен-Санс,...

Оперската дива Елина Гаранча најави возбудлив настап на отворањето на „Охридско лето“

Утревечер, во традиционалниот термин 12 јули, Петровден, на сцената на Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено годинешното, 56. издание на фестивалот „Охридско лето“. Најстариот и најреномиран македонски фестивал со интернационални вредности, ќе биде отворен со настапот на оперската дива Елина Гаранча од Латвија, во придружба на симфонискиот оркестар на Македонската опера и балет, под диригентска палка на Јон...

„Охридско лето“ номинирано за престижната награда „Принцезата на Астурија “

Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција во Охрид, објави дека Амбасадата на Шпанија го номинирала фестивалот „Охридско лето“ за престижната награда „Принцезата на Астурија“ (Princess of Asturias Awards). На средбата со новинарите, беше презентирана годинешната програма на 56. издание на фестивалот „Охридско лето“, за што говореа селекторите на музичката, односно драмската програма - Гордана Јосифова-Неделковска...

Оливер Арсовски, нов директор на фестивалот „Охридско лето“

Оливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“, на местото на досегашната директорка Елизабета Јанкуловска, на која ѝ заврши четиригодишниот мандат. Во периодот од 2007 до 2010 година, Арсовски беше директор на Македонската опера и балет, а двапати, во 2014 и во 2015 година, беше уметнички директор на фестивалот на забавна музика „Макфест“.

Фестивалот „Охридско лето“ третпат најдобра манифестација за развој на туризмот

Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето,“ кој годинава одбележа 55. години од постоењето, третпат доби признание од Министерството за економија за најдобра манифестација што придонесува во развојот на туризмот во Република Македонија. Признанието е доделено во рамките на одбележувањето на 27 септември, Светскиот ден на туризмот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска, вели дека традицијата на успешни фестивалски изданија со квалитетни настани и...

Заврши јубилејното, 55-то „Охридско лето”: Високо на мапата на европските фестивали

Синоќа, после 40 дневна богата културна понуда, на отворената, надезерска сцена Долни Сарај, со церемонијаланото гаснење на фестивалскиот огин, беше спуштена завесата на јубилејното, 55-то „Охридско лето“. Честа да го затворат фестивалот, им припадна на актерите од Словенечкиот национален - Драма театар од Љубљана, со театарската претстава „Figurae veneris historiae“ на Горан Стефановски, во режија на Александар Поповски. Квалитетот на...

„Охридско лето“: Ефектна завршница на музичката програма

Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето”, синоќа, во преполнетата црква „Св. Софија”, на публиката и приреди ефектна завршница на музичката програма, со концертот на прославениот руски пијанист, Максим Венгеров, во пијано придружба на Ерменецот Ваг Папијан. Венгеров свиреше на Страдивари виолина која му припаѓала на Кројцер (1727). Максим Венгеров, синоќа, во „Св.Софија“, како што самиот ја дефинираше, заедно со Папијан, одличен...

Вкупно 25 илјади посетители на „Охридско лето“

Приредбите на „Охридско лето“ ги проследиле  рекордни 25.000 посетители меѓу кои и гости од Хрватска, Србија, Чешка, Албанија, Франција  и други земји. Изведени се 29 музички концерти, 13 драмски претстави и 10 настани од дополнителната програма. Овие бројки на  два дена пред официјалното завршување излегоа денеска на прес конференција, тројцата првенци кои го менаџираат фестивалот. - Не радува фактот што имавме...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...