fbpx
Таг: охридско лето

таг: охридско лето

Максим Венгеров: Св.Софија поседува магична енергија

Mаестро Максим Венгеров, виолинистот со чиј концерт во црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот ќе заврши музичката програма на 55-тото јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“, вели дека му е голема чест да настапи на фестивалот. - Голема чест ми е да настапувам на фестивал каков што е Охридско лето. Би сакал да се заблагодарам на организацијата на...

Промоција на четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски

МАНУ, во рамките на „Научната и уметничка визита – Охрид 2015” и во соработка со фестивалот „Охридско лето“, вечерва од 20 часот, ќе ја промовира четвртата книга „Собрани драми“ од Горан Стефановски. Настанот ќе се одржи во „Куќата на Уранија“, додека промотор ќе биде академик Катица Ќулавкова. Извадоци од сцени од драмите ќе интерпретира актерот Никола Ристановски а за процесот на...

Утре завршува јубилејното 55. „Охридско лето“

Утревечер, на отворената сцена Долни Сарај, со дрaмската претстава „Figurae veneris historiae“ од Горан Стефаноски, во изведба на СНГ - Драмата од Љубљана, Словенија, во режија на Александар Попоски, ќе биде спуштена завесата од јубилејното, 55. „Охридско лето“. Одличен текст, одбрана актерска екипа, звучно режисерско име. Сите предуслови, за претстава за паметење, не случајно одбрана за крајот на фестивалот. Поповски е...

Француско признание за Гордана Јосифова – Неделковска

Селекторката на музичката програма на меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето”, Гордана Јосифова – Неделковска, со посебна одлука на француската влада доби признание за особен придонес во афирмацијата на француската култура. Признанието, за воведувањето „Француска вечер” на „Охридско лето”, традиционална манифестација со 8 годишно практикување, синоќа во црквата „Св. Софија” го врачи француската амбасадорка во Република Македонија, Лорен Оер. Како повод беше...

Традиционална француска вечер на фестивалот „Охридско лето“

Програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе биде исполнета со традиционалната Француска вечер. Концерт во црквата „Света Софија“, од 21 часот, ќе одржат кларинетистот Мишел Летјек, заедно со квартетот „Жирард“ во состав, Иго Жирард и Агат Жирард – виолина, Одон Жирард - виола и виолончелистот Луси Жирард. Францускиот кларинетист Мишел Летјек во моментов работи како професор на Националниот конзерваториум за...

,,Дизајнерска игра со традицијата” – Изложба на Кирче Стојоски

Младиот дизајнер Кирче Стојоски од Охрид, отвори интересна изложба на дизајнерски парчиња на мебел, под наслов: „Дизајнерска игра со традицијата”. Во рамките на програмата на Охридско лето, љубителите можат да ја погледаат во изложбениот салон при Центар за култура „Григор Прличев” во Охрид. Стојоски објаснува дека креирањето на вакви продукти можеби повторно ќе го поттикне изучувањето на традиционалните занаети кои...

„Охридско лето“: Концерт на Сихана Бадивуку-Хоџа и на Маја Кастратовиќ

Денешната програмска вечер на фестивалот „Охридско лето“, во црквата „Св. Софија“, ќе ја исполнат Сихана Бадивуку-Хоџа на виолина и Маја Кастратовиќ на пијано, истакнати музички уметници од Македонија. Сихана Бадивуку-Хоџа своите студии ги почнува на возраст од само 16 години на Државниот конзерваториум во Киев, а една година подоцна заминува на Државниот конзерваториум во Москва, каде ги завршува своите додипломски...

Софискиот камерен оркестар ќе настапи на „Охридско лето“

АГБУ Софиски камерен оркестар ќе настапи вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“. Оркестарот ќе музицира под диригентство на Бедрос Папазјан од Бугарија, со солистите Филип Маџунков од Србија на пијано и Софија Никоска од Македонија на виолина. Оркестарот е формиран во 2006 година, по повод 100 години од основањето на организацијата „Парекордзаган“, за да се популаризираат ерменската и бугарската музичка култура, дострелите...

Богат програмски ден на „Охридско лето“: Концерт, претстава, изложба

Денеска исклучително богат програмски ден на „Охридско лето“, со музички концерт, драмска претстава и со ликовна изложба. Со почеток од 21 часот, на Малата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се прикаже премиерата на претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, со охридскиот Народен театар. Претставата е во режија на младата Нела Витошевиќ, која претпладнево во Дирекцијата на фестивалот одржа...

Научна и уметничка визита – Охрид 2015

Во Научниот центар „Куќата на Уранија“ во Охрид, продолжува реализацијата на програмата од годинешната Научна и уметничка визита во организација на МАНУ. Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, вечерва од 20 часот, ќе ја промовира книгата „Преспа II“ од академик Вера Битракова-Грозданова. В сабота, 8 август, од 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Кујната на Масин“ од познатиот Мирослав Масин. На 15...

„Хауард госпел-хор“ на „Охридско лето“

Членовите на атрактивниот американски хор „Хауард госпел“, синоќа, пред полното гледалиште на Антички театар, го одржаа роденденскиот концерт, по повод 55-годишнината од постоењето на фестивалот „Охридско лето“. Со својот настап, изборот на програмата, со позитивниот однос кон публиката, градот и кон земјата, тие ја оправдаа, како што самите кажаа, „големата чест да се биде дел од 55. јубилејно издание“. Заедно со неколкуилјадната...

„Охридско лето“ слави 55 години

Јубилејното, 55. фестивалско издание на „Охридско лето“, почнувајќи од свеченото отворање на 12 јули, досега реализираше 30 настани, за кои целокупниот тим на фестивалот се надева дека вечно ќе се паметат, рече на денешната, роденденска прес-конференција, директорката Елизабета Јанкуловска. - Со уникатната програма која ја реализиравме досега, можеме да кажеме дека нè посетиле повеќе од 10.000 посетители. На радост на сите нас,...

„Охридско лето“: Роденденски концерт со „Хауард госпел-хорот“ од САД

Меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“, вечерва го одбележува својот голем јубилеј, 55 години од постоењето. За таа пригода, како роденденски концерт, на отворената атрактивна сцена Антички третар, одбран е настапот на „Хауард госпел-хорот“ (Howard Gospel) од САД. Американскиот „Хауард госпел-хр“ е првиот академски хор од ваков вид во светот. Основан е во 1968 година и е составен од сегашни и...

„Охридско лето“: Босански севдах и балканска традиционална музика со „Амира трио“

Вечерва на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на „Света Софија“, од 21 часот, публиката ја очекува средба со босанскиот севдах и со балканска традиционална музика. Настапува „Амира трио“ на вокалот Амира Медуњанин, а во кое се и Звонимир Шестак - контрабас и Анте Гело - гитара, и двајцата од Хрватска. На програмата се и неколку македонски обработки. - Се подготвуваме за...

Одличен настап на Стефан Миленковиќ со „Танго компас“

Ниту дождот, ниту децибелитe што доаѓаа од концертот на Здравко Чолиќ не ги спречија синоќа во Антички театар, виолинистичкиот виртуоз Стефан Миленковиќ и „Танго компас“ да приредат незаборавно музичко доживување. Концертот го проследија повеќе илјади љубители на музиката, меѓу нив и министрите за култура, Елизабета Канчевска - Милевска, и за информатичко општество и администрација, Иво Иваноски. Концертот, како прекрасени спој на...

Богат програмски викенд на фестивалот „Охридско лето“

Вечерва, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, во Антички театар, од 21 часот, гостуваат виртуозот на виолина, Стефан Миленковиќ, и неговиот колега, хармоникашот Марко Хатлак, кои ќе го изведат проектот „Танго компас“. – Проектот „Танго компас“ ќе понуди многу енергија, страст, врвна интерпретација, за големо уживање на фестивалската публика. Најголем ексклузивитет на целиот овој проект е тоа што маестро Стефан...

Топлото време и продолжениот викенд го преполнија Охрид

Топлото време и августовскиот продолжен, празничен викенд го преполнија Охрид, кој се претвори во тешко прооден град. Нема сомнеж дека ова ќе биде самиот шпиц на главната туристичка сезона, за која од локалната самоуправа велат дека ќе биде една од најуспешните воопшто. Претпладне се создава метеж и редици со долги колони возила во правец на плажите. Попладне е обратно. Навечер се...

Вечерва премиера на театарската претстава „Слуга на двајца господари“

Вечерва, на „Охридско лето“, на сцената од предворјето во „Св.Софија“, ќе се игра копродукцискиот проект на Турскиот и на Албанскиот театар - „Слуга на двајца господари“, како дел од одбележувањето на 65-годишнината од нивното постоење. „Слуга на двајца господари“ од Голдони е напишана во 1753 година. Претставата е комедија за напорот на истрајните вљубени, невини, млади карактери, во која најприродно е...

„Охридско лето“: Концерт на камерниот оркестар на „Музичка младина на Македонија“

На програмата на меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“, вечерва, од 21 часот, во црквата „Св. Софија“, целовечерен концерт ќе има камерниот оркестар на „Музичка младина на Македонија“, под диригентска палка на Елена Митревска. „Музичка младина на Македонија“ е национална невладина организација, која работи со и за млади луѓе, развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи го нивното почетно јавно претставување на полето...

Голем интерес за Стефан Миленковиќ и за „Танго компас“

На Античкиот театар во Охрид, со почеток во 21 часот, в сабота, проектот „Танго компас“ ќе се претстави пред македонската публика со маестрално танго-доживување. Стефан Миленковиќ на виолина, Марко Хатлак на хармоника, Марко Чрнчец на пијано, Лука Херман Гајзер на контрабас и специјалната гостинка Ана Безјак - вокал, се повеќе од подготвени да ги опијат посетителите со супериорна танго-изведба. На програмата...

Повик за учество на средношколци во „Театарот ги обединува младите“

„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност...