fbpx

Џез-концерт на „Скопско лето“

-

Интернационалниот „Цспс џез ансамбл“ ќе одржи концерт во Сули- ан, Факултет за ликовни уметности, вечерва од 20.30 часот во рамки на „Скопско лето“.

Во него членуваат: Дејв Вилсон од САД (баритон-саксофон), Стелиос Цаѕиклеас од Грција (труба) и македонските музичари Кирил Кузманов (алт-саксофон), Иван Иванов (тенор-саксофон), Бојан Петков (гитара) Кирил Туфекчиевски (контрабас) и Ратко Даутовски (перкусии).

– И покрај тоа што станува збор за релативно млади музичари, тие во изминатите години активно работат на своите кариери свирејќи во различни џез-состави, честопати работејќи и на заеднички проекти. За во овој проект ги споија своите интересни музички идеи и енергии, создавајќи автентичен модерен џез-материјал кој вклучува претежно авторска музика, но и дела кои досега не биле изведени пред македонската публика – велат од организацијата на фестивалот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...