Богат програмски ден на „Охридско лето“: Концерт, претстава, изложба

-

Денеска исклучително богат програмски ден на „Охридско лето“, со музички концерт, драмска претстава и со ликовна изложба.

Со почеток од 21 часот, на Малата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“, ќе се прикаже премиерата на претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, со охридскиот Народен театар.

Претставата е во режија на младата Нела Витошевиќ, која претпладнево во Дирекцијата на фестивалот одржа прес-конференција.

– Со самиот факт што се одлучивме да го подготвиме најизведуваниот текст на Пинтер, со сета негова комплексност, врз себе презедовме одговорност, на соодветен начин да ја предадеме оваа психолошка драма на судбини и на карактери. Текстот, кој е сам по себе оригинален, до степен на пинтеризам -како единствен стил, од нас бараше оригинално толкување. Нема една вистина – една е од поентите на текстот, а публиката сама ќе треба да си ја реши сложувалката – рече Витошевиќ.

Вечерва, во истиот термин, но во „Св.Софија“, Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ ќе одржи концерт со хорски изведби, пред сè, на духовна музика. Хорот дејствува во рамките на Македонската православна црква, која и го основаше, и е многу популарен во земјата и во странство, раководен од Летка Димовска-Полизова, основач и диригент.

Хорот е основан во 1996 година при МПЦ, со благослов на митрополитот полошко-кумановски г. Кирил. Составен е од 25 женски вокали.

Во 20 часот во Големиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата „Колажна приказна“ на македонската сликарка и алпинистка Илина Арсова.

Со стотина мали формати, изработени од колажиран и ликовно трансформиран домашен отпад: текстил, хартија и веќе употребени и дотрајани предмети, Арсова ја создаде новата ликовна „колажна“ приказна.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...