fbpx

„Охридско лето“: Концерт на музичка тројка од Албанија

-

Според програмата на „Охридско лето“, вечерва во црквата „Св.Софија“ ќе настапат Клаиди Сахатчи (виолина), Мерита Реџа Тершана (пијано) и Пјетер Гураљуми (виолончело), сите од Албанија.

На програмата се дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Цезар Франк и на Феликс Менделсон.

Пијанистката Мерита Реџа Тершана е добитник на повеќе награди, меѓу кои и наградата за најдобар изведувач на годината, која ја добива во 2009 година. Во текот на својата кариера, настапувала во повеќе земји во Европа, а значајни се и нејзините настапи на фестивалите, меѓу кои „Шлезвиг-Холштајн“ во Германија, „Брегензер фестшпиле“ во Австрија, косовскиот „Камерфест“ и други.

Виолинистот Клаиди Сахатчи во еден од најистакнатите инструменталисти на својата генерација. Бил концерт-мајстор на повеќе значајни оркестри, како Националниот оркестар на Лион, Камерниот оркестар на Цирих, Оркестарот на театарот „Ла скала“ во Милано и други, а во 2009 година го добива престижното место – прв концерт-мајстор на оркестарот „Тонхале“ од Цирих.

Виолончелистот Пјетер Гураљуми настапувал на повеќе значајни фестивали во Албанија, но и во САД, во Италија, во Австрија, во Швајцарија, во Франција и во други земји. Добитник е на повеќе награди на национални и на интернационални натпревари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...