fbpx
Таг: концерт

таг: концерт

Ансамблот „Македонка“ од Торонто ќе одржи концерт во Прилеп

Ансамблот „Македoнка“ од Торонто, Канада, ќе одржи целовечерен концерт на плоштадот Александрија, во рамките на Прилепското културно лето, во вторник од 21 часот. Домаќин ќе му биде КУД „Моминок“ од Прилеп, а двете друштва ќе се претстават со дел од богатиот репертоар на македoнски ора. „Македонка“ е еден од најпознатите ансамбли на македонски песни и ора во Торонто и воопшто во...

Вечер на Европската унија на „Охридско лето“

На програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва е традиционалната Вечер на Европската унија. Во катедралната црква „Св. Софија“, ќе настапат харфистката Мојца Злобко Вајгл, младата флејтистка Ева-Нина Козмус и виолончелистката Кармен Печар. Харфистката Мојца Злобко Вајгл се вбројува меѓу водечките музичари во Словенија, со богата интернационална кариера како солист и како камерен изведувач. Дипломирала на Музичката академија во Љубљана, а своите...

Откажан концертот на „Ту челос“ во Охрид

Концертот на хрватското дуо „Ту челос“, кој требаше да се одржи на 8 август во дополнителната програма нa „Охридско лето“, се откажува од приватни причини, соопштуваат организаторите. Концертот, како што информираат тие, ќе се презакаже во нов термин. -Членовите на дуото ветуваат дека наскоро ќе биде соопштен датумот за големото музичко доживување - се вели во дописот до јавноста. Од продукцијата „Пасворд“ информираат...

Преполна „Св.Софија“ за концерот на Николај Лугански

Преполна „Св.Софија“, врвна интерпретација на Шуберт и  на Чајковски, неколку бис-изведби за воодушевената публика. Тоа е впечатокот од синоќешната, речиси полноќна, концертна вечер на прославениот руски и светски пијанист, принцот на клавирот, Николај Лугански. Целовечерниот рецитал, рускиот пијанист Лугански го почна со две помали скерца на Франц Шуберт, а првиот дел од програмата го заврши со Шубертовата Голема соната. Во...

Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт на „Скопско лето“

Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, Холандија, ќе одржи концерт во рамките на „Скопско лето“. Концертот ќе се одржи во Музејот на Македонија, во Куршумли-ан, в четврток, на 9 јули, со почеток во 20 часот, во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија. Организаторите информираат дека во случај на невреме, алтернативен простор ќе биде концертната сала на Домот на Армијата.

Роби Вилијамс ги пееше најголемите хитови во Белград

Светски оознатиот пејач Роби Вилијамс синоќа одржа концерт на Ушче, на кој беа присутни повеќе од 30.000 негови обожаватели. Роби, и покрај дождот, во текот на двата часа ги изведе своите најголеми хитови, а на сцена го придружуваа 20 членови на групата. Пред настапот на Роби, публиката ја забавуваа учесниците на „Икс фактор“, годинешната српска претставничка на „Евровизија“, Бојана Стаменов, и дуото...

Концерт на Македонска филхармонија со ученици-солисти

Македонската филхармонија вечерва во Домот на АРМ ќе го одржи традиционалниот симфониски концерт со ученици од музички училишта во земјава. Ќе бидат изведени дела од Моцарт, Бара, Менделсон, Видофт, Попер... Публиката ќе има можност да ги слушне најмладите музички таленти кои ја положија аудицијата за настап со овој професионален музички ансамбл. Тоа се: Ивона Базгалоска - пијано, Димитар Настески - кларинет...

Весна Гиновска-Илкова вечерва со соло-рецитал во Софија

Македонската оперска певица Весна Гиновска-Илкова вечерва, во 19.30 часот, во концертна сала „Борис Христов“ во Софија, ќе одржи соло-рецитал. Концертот е во рамките на јубилејната програма по повод 10-годишнината на КИЦ на Република Македонија во Софија и 11. Фестивал на уметностите „Борис Христов“. Во пијано-придружба на Кристина Светиева, ќе бидат изведени познати оперски арии од Штраус, Лист, Рахмањинов, Верди, Маскањи, Чајковски,...

Пуштени во продажба билетите за концертот на Здравко Чолиќ во Охрид

Билетите за концертот на Здравко Чолиќ, кој ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за се“. До 15 јуни билетите за партерот ќе чинат 400 денари, цена која по овој датум ќе претрпи промена, односно како ќе се доближува денот на концертот, така истата ќе...

Ману Чао на петтото издание на „Д фестивал“ во Дојран

Ману Чао ќе го затвори јубилејното, петто издание на „Д фестивал“ во Дојран. Настапот на Ману Чао е најавен за недела, на 19 јули. Во Дојран доаѓа со својата „Ла вентура“, која ја сочинуваат уште и гитаристот Маџид, басистот Гамбит и тапанарот Гарбансито. Ману минатата година одржа низа настапи на најголемите светски фестивали, како што се „Роскилде“ и „Вудсток“, годинава ги...

„Апокалиптика“ во октомври во Скопје, билетите во продажба

Во Скопје, на 17 октомври, доаѓа финската метал-група „Апокалиптика“, на концерт во рамките на својата светска турнеја, со која го промовира актуелниот албум „Shadowmaker“. Oсмиот студиски албум на групата е објавен на 17 април, содржи десет нови песни и првпат го вклучува вокалот Френки Перез, кој со групата настапува во живо на оваа турнеја. „Апокалиптика“ ќе настапи во СРЦ Кале на 17 октомври (сабота). Билетите се...

Француска вечер во Музеј на Град Скопје

Австриската амбасада и Францускиот институт вечерва во Музеј на Град Скопје организираат француска вечер на класична музика. На концертот ќе настапат виолинистот Климент Тодоровски и австриската пијанистка Ема Шмит, изведувајќи дела на Клод Дебиси и Сезар Франк. Концертот е организиран со поддршка на Амбасадата на Франција.

Концерт по повод Меѓународниот ден на џезот

Меѓународниот ден на џезот ќе биде одбележан со концерт на отворено, на платото пред трговскиот центар „Скопје сити мол“, в четврток (30 април). На концертот ќе настапат Мартин Ивановски, „Бас енд глас“, Ади, Дино и „Џоле трио“ и „Давид Нешковски трио“. Годинешната прослава на Меѓународниот ден на џезот ќе биде посветена на прерано починатиот македонски џез-музичар Јовица Јовановски и на кубанскиот...

Хуманитарен концерт на „Танец“ и на МОБ за настраданите од поплавите

Ансамблот за народни песни и игри „Танец“, во соработка со Македонската опера и балет, вечерва организира хуманитарен концерт за поплавените подрачја во земјава. Хуманитарниот концерт ќе се одржи во салонот на МОБ, со почеток во 20 часот. Цената на билетите е 200 денари.

Концерт на Гоце Стевковски во Битола

Во Центарот за култура во Битола, в сабота, музичарот Гоце Стевковски-Септет ќе одржи концерт насловен „Седум приказни“. Стевковски е македонски тапанар и перкусионист. Соработувал со Кирил Џајковски, групите „Леб и сол“, „Архангел“, „Ласт експедишн“, „Фолтин“, „Егзија оркестра“, со Зоран Маџиров и со други музичари. Учествувал на голем број интернационални фестивали, како што се „Егзит“, „Пиво-фест“ во Белград, „Клузоне џез-фестивал“ во Италија, гостувал...

Концерт на Владо Јаневски на 3 април во „Борис Трајковски“

На 3 април, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт на Владо Јаневски. „Неговите песни одамна веќе важат за евергрини што живеат во срцата на сите вљубени, за кои веруваме ќе ја исполнат салата до последно место“, велат организаторите од „Горила продукција“.

Хуманитарен концерт во Њујорк за поплавените во Македонија

Во просториите на Галерија МЦ во Њујорк се одржа хуманитарна вечер за собирање финансиски средства за помош на подрачјата во Македонија што беа погодени од поплави. Настапиле дваесетина уметници од Балканот и десетина странски изведувачи од Соединетите Американски Држави, Малезија, Шпанија и од Индија. Учествувале пијанистите Дуке Бојаџиев, Ивана Ковач и Милош Раичковиќ, тапанарот Марко Ѓорѓевиќ, гитара и вокал Владимир Четкар,...

Бора Чорба на 14 март со концерт во Скопје

Бора Чорба на 14 март во Скопје ќе го одржи првиот концерт со наслов „Чорба се слуша и без струја“. Чорба на сцената ќе настапи со 15 музичари, од кои најголемиот број гудачи. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на касата на „Унивезална сала“, „Розе Веро 2“, „Југотон“ и во „Камарад - Рамстор“.

„Дубиоза колектив“ со поддршка за Автономна зона на УКИМ

Пред платото на УКИМ  босанската група „Дубиоза колектив“ одржа концерт како поддршка за автономната зона формирана од „Студентски пленум“. Сцената беше влезот на Филолошкиот факултет. По нив настапија „ПМГ колектив“ и „Бернејс Пропаганда“. Групата „Дубиоза Колектив“ на студентите им посака откако ќе ги добијат своите права и ќе ја прекинат окупацијата, да учат и да имаат многу десетки. https://www.youtube.com/watch?v=1flfdOjVpsQ  

Дуке Бојаџиев со уште два концерти в недела

Поради големиот интерес за концертот „Сон, верба, љубов“ на Дуке Бојаџиев со Македонска филхармонија, кој ќе се одржи вечерва, во 20 часот, музичарот најавува уште два концерти во Скопје, кои ќе се случат в недела, на 15 февруари, во кино „Фросина“ (МКЦ), со почеток во 19 и во 21 часот. На концертот, освен Дуке Бојаџиев на пијано, ќе настапат и вокалот Крсте Роџевски,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...