„Охридско лето“: Концерт на камерниот оркестар на „Музичка младина на Македонија“

-

На програмата на меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“, вечерва, од 21 часот, во црквата „Св. Софија“, целовечерен концерт ќе има камерниот оркестар на „Музичка младина на Македонија“, под диригентска палка на Елена Митревска.

„Музичка младина на Македонија“ е национална невладина организација, која работи со и за млади луѓе, развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи го нивното почетно јавно претставување на полето на музичката уметност.

МММ ги обединува младите без оглед на нивната политичка, религиозна, јазична или национална припадност, придонесувајќи младите генерации да имаат космополитски и хуманистички пристап во својата индивидуална и глобална креативност и развој.

Елена Митревска дипломирала на Факултетот за музичка уметност на одделот за музичка теорија и педагогија – насока хорско диригирање. Образованието го продолжила на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, на одделите по хорско диригирање и оркестарско диригирање.
Митревска на студиите во Виена активно работи како диригент на неколку хорови, а го основа и ансамблот „Глезум“. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и престижната награда „Ервин Ортнер“, која се доделува за значајни достигнувања на полето на хорското диригирање во Австрија.
Од 2012 година работи како асистент на хорот „Арнолд Шенберг“.

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде разрешен релативно...

Најновиот пач во World of Warcraft имплементира Need For Speed моменти

Најновиот пач за World of Warcraft The War Within, од новата втора сезона доаѓа со PvP и Mythic+ Dungeons, како и нов Raid - но најбитната каратеристика на овој додаток е...

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за крај на војната во Украина, соопштија американски претставници по средбата

САД и Русија ќе назначат тимови за преговарање за ставање крај на војната во Украина, соопшти американскиот Стејт департмент, по разговорите на високо ниво во Саудиска Арабија со претставници на Русија. Како...

Студентите го демантираат демантот на Националната опера и балет

Националната опера и балет (НОБ) со официјален демант се обидува да ги неутрализира негативните ефекти од веста дека студентите биле спречени да користат попусти при купување билети за тамошните претстави, иако...

Владата ќе го тргне Коцевски релативно брзо, може да заглави подолго околу наследникот

Членовите од Законот за Јавното обвинителство кои директно се однесуваат на именување и разрешување на Јавен обвинител на РСМ, покажуваат дека досегашниот главен јавен обвинител Љупчо Коцевски ќе биде...