Утре завршува јубилејното 55. „Охридско лето“

-

Утревечер, на отворената сцена Долни Сарај, со дрaмската претстава „Figurae veneris historiae“ од Горан Стефаноски, во изведба на СНГ – Драмата од Љубљана, Словенија, во режија на Александар Попоски, ќе биде спуштена завесата од јубилејното, 55. „Охридско лето“.

Одличен текст, одбрана актерска екипа, звучно режисерско име. Сите предуслови, за претстава за паметење, не случајно одбрана за крајот на фестивалот.

Поповски е еден од најоригиналните македонски режисери, а во Европа го сметаат за нова театарска ѕвезда, поради креативноста и забавниот момент, а истовремено и многу сериозниот пристап кон театарот, со кој ги освојува публиката и критиката ширум Европа.

Ден порано, вечерва во Св. „Софија“, за крај на музичката програма, одбран е виолинистот Максим Венгеров, денес препознаен како еден од најдинамичните изведувачи во светот, добитник на Греми наградата. На програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Сергеј Прокофјев, Сезар Франк, Николо Паганини и други.

Венгеров во 2007 година продолжил по стапките на својот ментор Мстислав Ростопович и се посветил на диригирањето и од тогаш диригира со позначајните оркестри низ светот.

Комбинирајќи ги двете пасии- изведување и диригирање, Венгеров влегува како постојан артист во Оксфордскиот оркестар со кој ја снимил верзијата од 1903 на Виолинскиот концерт на Сибелиус, Виолинскиот концерт на Брамс и Шкотска Симфонија на Менделсон.

Венгеров е првиот уметник во класичната музика кој е назначен за Интернационален амбасадор на добрата волја од страна на УНИЦЕФ.

Свири на Страдивари виолина која му припаѓала на Кројцер (1727).

Денеска, на прес-конферецијата директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска, заедно со селектортите на музичкиот и драмскиот дел, Гордана Јосифова – Неделковска и Ѓорѓи Јолевски, ќе ја дадат правата оценка за реализираните настани, изминативе 40 дена на годинешново јубилејно 55-то „Охридско лето“.

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Над 1500 здравствени работници со привремени договори наскоро ќе добијат решенија за работа

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици...