fbpx
Таг: концерт

таг: концерт

Пијанистички концерт и проекција на филмот „Исправи се Делфина“ на „Охридско лето“

Фестивалот „Охридско лето“ влегува во последната седмица од својата 40-дневна програма. Вечерва ќе има два настана - пијанистички концерт и проекција на филмот „Исправи се Делфина“. Последната приредба е в сабота. Во 21 часот, во црквата Св. Софија ќе настапи рускиот пијанист Петр Лаул, со дела од Ф. Шуберт и М. Мусоргски. Во рамките на Дополнителната програма во Центарот за култура „Григор...

Ал Ди Меола и Продиџи во Охрид

Викендов Охрид ќе биде центар на музичките збиднувања во земјава. Концертите на еден од најдобрите гитаристи во светот Ал Ди Меола и групата Продиџи, во рамки на фестивалот „Охрид колинг“, се очекува да донесат гости од целиот Балкан, но и од Англија и Холандија. - По концертот на светски познатите диџеи Ники Ромеро и Лост Фрекуенцис на 1 август, покажавме...

„Продиџи“ ќе донираат за граѓаните од поплавените подрачја

Светски познатата група „Продиџи“, која на 14 август ќе настапи во Охрид, на својата „Фејсбук“ страница напиша дека ќе донира за настраданите од поплавите кои во саботата го зафатија Скопје и околината. Членовите на англиската електронска група упатија сочувство до семејствата на жртвите. „Срдечна почит за Македонците кои ги изгубија животите и беа погодени од поплавите. Ние ќе донираме во знак на солидарност на Црвениот...

„Охридско лето“ го презакажа вечерашниот концерт на Ана и Игор Дурловски

Фестивалот „Охридско лето“, вечерва нема да организира настани, поради трагичните настани со поплавите и човечките жртви и поради прогласениот Ден на жалост. Вечерашниот концерт на Ана Дурловски Игор Дурловски заедно со Оркестарот на Македонската Филхармонија под диригенската палка на Борјан Цанев, е презакажан за утре, 9. август во Центарот за култура „Григор Прличев” со почеток од 13 часот. „Охридско лето“ изрази...

Фестивалот „Охридско лето“ одбележа 56 години постоење

Синоќа, со концертот на триото на Дамјан Пејчиновски на плажата Куба либре, фестивалот „Охридско лето“ го прослави својот 56. роденден. Пред тоа, пред бројните љубители на уметноста, пријатели на фестивалот, директорот на оваа музичко-сценска манифестација, Оливер Арсовски, ја пресече роденденската торта. - „Охридско лето“ испишува уште една успешна година во богатата фестивалска историја. Им се заблагодарувам на сите што ја помагаат манифестацијата,...

„Охридско лето“: Празнична програма со литванскиот „Хортус музикус“

Дирекцијата на музичко-сценскиот фестивал „Охридско лето“ одбра вечерва, за илинденската празничната програма, да ја исполни со настапот на ансамблот „Хортус Музикус“. Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се „Кармина Бурана“ од Карл Орф и традиционални еврејски песни. „Хортикус музикус“ е еден од најстарите ансамбли во Источна Европа. Основан е во 1972 година од...

Од вечерва „Охрид колинг“ во СРЦ „Билјанини извори“

Охрид од вечерва е домаќин на големиот музички настан „Охрид колинг“ (Ohrid calling), на кој ќе настапат светски познатите диџеи Ники Ромеро и Лост Фриквенсес. На 13 август е закажан настапот на легендарниот гитарист Ал Ди Меола, а еден ден потоа на СРЦ „Билјанини извори“ е настапот на светската атракција, групата „Продиџи“. На годинешниот „Охрид колинг“ ќе настапат и познати...

Цеца за Голема Богородица ќе пее во Македонска Каменица

Како настан на летото во Македонска Каменица за 28 август најавен е концерт на српската пејачка Цеца Ражњатовиќ. Таа ќе пее на Денот на рударите на Голема Богородица, што е и празник на градот. Покровители се Општината Македонска Каменица и рудникот „Саса“. Никој не соопштува за колкав износ ќе пее Цеца. Во Штип на манифестацијата „Штипска пастрмалијада“, Цеца настапи за...

„Охридско лето“: Вечерва концерт на „Судар перкашн“ и музика за удирачки инструменти

Во предворјето на црквата „Света Софија“ вечерва, со почеток во 21 часот, ќе настапи Ансамблот „Судар перкашн“ од Хрватска. На програмата на концертот, кој е во рамките на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“, се дела од Мештровиќ, Моцарт и од други композитори. Ансамблот е формиран во 2010 година за да се поттикне развојот и создавањето на музика за удирачки инструменти. Во ансамблот членуваат млади...

Гитара-квартетот „Аигета“ од Монте Карло вечерва на „Охридско лето“

Вечерва, во редовниот термин од 21 часот, во црквата „Света Софија“, концертно ќе се претстават членовите на „Аигета“, гитара-квартет од Монте Карло. Подемот на квартетот „Аигета“ почнува во 1982 година, кога настапуваат со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, и оттогаш постојано се присутни на светската музичка сцена. Ансамблот го сочинуваат четворица извонредни гитаристи – Франсоа Сони, Александре Дел Фа, Филипе Лоли...

„Охридско лето“: Вечерва концерт на Максим Венгеров и на „Менухин академи солоист“

На централната музичка сцена, катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, вечерва во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе настапи рускиот виолинист Максим Венгеров, заедно со камерниот ансамбл „Менухин академи солоист“ од Швајцарија. Во камерниот ансамбл „Менухин академи солоист“, основан во 1977 година од познатиот виолинист Јехуди Менухин, членуваат млади виолинисти, виолисти и виолончелисти од целиот свет. Од 2011...

Традиционална полска вечер на „Охридско лето“

Во централниот музички храм, црквата „Света Софија“, вечерва на фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи традиционалната полска вечер. Целовечерната програма ќе ја исполни македонскиот камерен оркестар „Македонски виртуози“, со солистот Маријан Собула (пијано) и со составот „Глас дуо“, заедно со диригентот од Полска, Јацек Рогала. Концертната дејност на Рогала се протега и надвор од eвропските граници, и тоа во Канада, Еквадор,...

Манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“ посветена на Дејвид Боуви

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи утре во Градски парк, со почеток во 21 часот. Годинава манифестацијата која се одржува веќе девет години, e посветена на британската музичка легенда Дејвид Боуви, односно Македонска филхармонија ќе изведува дел од многубројните негови хитови. Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Емин Џијан и ќе изведе познати...

Пукање на концерт во Њујорк – еден загинат и тројца повредени

Едно лице загина, а три се повредени при пукање во њујоршката сала „Ирвинг Плаза“ во која раперот Ти Ај требаше да одржи концерт. Њујоршката полиција соопшти дека 34-годишен маж бил прострелна во градите, а 33-годишен маж бил прострелан во стомакот, но не прецизира кој од нив е напаѓач, а кој е жртва. Истовремено, 26-годишна жена се здобила со прострелна рана...

Во црквата „Света Софија“ – концерт во чест на Св. Кирил и Методиј

Осум млади и надежни македонски пијанисти, вечерва, во црквата „Света Софија“ во Охрид, ќе се претстават со дела на Бетовен, Шопен, Дебиси, Григ, Шуберт и Рахманинов. Растечката генерација на македонски пијанисти, ќе настапи под уметничко раководство на проф. м-р Кристијан Каровски. Концертот е организиран по повод чествувањето на 24 мај Денот на македонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил...

Енрике Иглезијас ќе одржи концерт во Скопје на 20 јуни

Енрике Иглезијас ќе одржи концерт во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 20 јуни. Организаторите, „Авалон-продукција“, информираат дека концертот на Енрике Иглезијас во Скопје е историски затоа што првпат во Македонија доаѓа пејач од А-листата на светски изведувачи. За концертот ќе бидат пуштени  во продажба само 8.000 билети и според организаторите, убедливо е најмал од сите простори каде Иглезијас во последниве десетина години настапувал низ светот. Шпанскиот...

Ави Авитал со концерт во Македонија

На 24 март во Домот на АРМ, во 20 часот, ќе настапи светската музичка сензација Ави Авитал од Израел, како солист на мандолина, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија на концертот насловен „Алхемија“. Под диригентска палка на Михал Нестерович од Полска, Авитал ќе изведе два концерти за мандолина и за оркестар од Јохан Хумел и од Антонио Вивалди. Ави Авитал...

Викенд на македонска култура во Солун

Солунската публика викендов имаше можност уште подобро да се запознае со современата македонска култура преку поетско читање на академик Влада Урошевиќ и концерт на музичката група Љубојна на фестивалот „Балкан фест“ каде Македонија беше почесна држава. Двата настани поминаа во позитивна атмосфера, без никакви проблеми и со бројна публика, покажувајќи уште еднаш дека културата и културната размена помага двете страни...

Концерт на Дуке Бојаџиев во Скопје: „Дуке и пријателите“

На 20 февруари, во арената „Метрополис“ во Скопје, „Авалон продукција“ ќе го реализира својот прв голем проект за оваа година - концертот на Дуке Бојаџиев, насловен „Дуке и пријателите“. Концертот на Дуке се најавува како извонредно отворање на новата концертна сезона во Македонија. Тој во Скопје ќе настапи заедно со неговите пријатели и соработници: Каролина Гочева, актерот Никола Ристановски, светски...

Меморијален концерт за Дејвид Боуви во Њујорк

Меморијален концерт за Дејвид Боуви ќе се одржи во њујоршката концертна сала „Карнеги хол“ на 31 март. Првобитно било планирано музиката на Дејвид Боуви да биде изведена на почесен концерт, но организаторите, по неговата смрт, одлучиле концертот да биде меморијален. Групата на Тони Висконти ќе настапи на концертот, заедно со уметници, како што е Синди Лопер. Билетите вчера се пуштени во продажба и веќе се...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...