fbpx

Енрике Иглезијас ќе одржи концерт во Скопје на 20 јуни

-

Енрике Иглезијас ќе одржи концерт во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 20 јуни.

Организаторите, „Авалон-продукција“, информираат дека концертот на Енрике Иглезијас во Скопје е историски затоа што првпат во Македонија доаѓа пејач од А-листата на светски изведувачи.

За концертот ќе бидат пуштени  во продажба само 8.000 билети и според организаторите, убедливо е најмал од сите простори каде Иглезијас во последниве десетина години настапувал низ светот.

Шпанскиот пејач во Скопје доаѓа во рамките на светската турнеја „Секс енд лав“ (Sex and Love) во која го промовира својот последен студиски албум.

Кралот на латинопоп-музиката продал повеќе од 140 милиони албуми во светот, а, исто така, тој е еден од ретките изведувачи чиј хит „Bailando“ има преку милијарда прегледи на „Јутјуб“, што му обезбеди и место во Гинисовата книга на рекорди.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...