fbpx

Концерт на Дуке Бојаџиев во Скопје: „Дуке и пријателите“

-

На 20 февруари, во арената „Метрополис“ во Скопје, „Авалон продукција“ ќе го реализира својот прв голем проект за оваа година – концертот на Дуке Бојаџиев, насловен „Дуке и пријателите“.

Концертот на Дуке се најавува како извонредно отворање на новата концертна сезона во Македонија. Тој во Скопје ќе настапи заедно со неговите пријатели и соработници: Каролина Гочева, актерот Никола Ристановски, светски познатиот кларинетист Исмаил Лумановски, перкусионистите Матијас Кунзли и Костас Анастасиадис и Тања Царовска – сите придружувани од камерен оркестар.

Ова ќе биде прв концерт на Дуке Бојаџиев по успешното претставување во престижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк, каде настапи со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија.

Дуке Бојаџиев веќе долго време живее и твори во центарот на светската култура, Њујорк, меѓутоа своите најнови проекти континуирано ги промовира и пред домашната музичка сцена, пред својата публика.

Бојаџиев е автор на филмска, електронска и на акустична музика во која може да се почувствува духот на македонската традиција, иако принципите во кои е врамен неговиот музички израз и стил се строго западноевропски.

Билетите за концертот се продаваат по цени од 600 до 900 денари, а со секој купен билет следува подарок, дивиди од концертот што се одржа лани на Античкиот театар во Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...