fbpx
Таг: концерт

таг: концерт

Минатогодишниот концерт на отворено „Ну погоди“ вечерва ќе се емитува на Канал 5 телевизија

Денеска во 23 часот на Канал 5 телевизија, ќе биде емитуван минатогодишниот спектакуларен концерт на отворено „Ну Погоди“, каде оркестарот на Македонската филхармонија ги реализира познатите теми од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок, кои го одбележаа детството на генерациите од 70-тите и 80-тите години, информираат од Град Скопје. Темите од концертот беа во аранжман на Владимир Николов...

Седум концерти во кругот на МКЦ по повод Меѓународниот ден на џезот

Денеска, на Меѓународниот ден на џезот, програмата „Култура во време на корона“ ќе биде посветена на џез-музиката. Во кругот на МКЦ ќе настапуваат седум македонски музичари и групи. За во 14 часот е закажан концертот на Антноие, во 15 часот ќе почне настапот на „Zulu4“, во 16 часот за скопјани ќе настапуваат „Parussion group“, во 17 часот ќе почне концертот...

Еден свет: Заедно дома – концерт во поддршка на здравствените работници

Лејди Гага, Џенифер Лопез, Опра, Џон Леџенд, Тејлор Свифт, Алиша Кис, Били Ајлиш, Ролинг Стоунс, Камила Кабејо, Селин Дион, Дејвид Бекам, Елен Деџенерес, Елтон Џон, Идриз Елба, Ј Балвин, Луис Џамилтон, Лизо, Малума, Лупита Нјонго, Пол Мекарни... Ова се само дел од ѕвездите кои ќе се појават на глобалниот онлајн концерт на 18 Април, организиран од Глобал Ситизен и Светската...

Дезинформација е дека Симон Трпчески го прекинал концертот во Штип

Насловот на текстот „Симон Трпчевски прекина концерт во Штип“ дезинформира, бидејќи не е вистина дека светски познатиот пијанист Симон Трпчески го прекинал концертот во Штип. Најпрво, Трпчески немаше самостоен концерт за да го прекине, туку тој беше гостин на новогодишниот концерт на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, при што имаше два настапa на концертите на 25 декември, од 17 и 19...

Германскиот гудачки квартет „Minguet Quartett“ ќе одржи бесплатен концерт во Македонска филхармонија 

Реномираниот германски гудачки квартет „Minguet Quartett“, ќе одржи концерт во Македонската филхармонија, утре (2 јули) со почеток во 19.30 часот. Сите љубители на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во неповторливата изведба на музиката од Клара и Роберт Шуман и Јоханес Брамс. „Основан во 1988 година Minguet Quartett ја црпи својата инспирација од класично-романтичната музика, како и современата музика....

Цртаните филмови „од нашето детство“ не беа (само) од Источниот блок

Флоскулата дека на високо оценетиот концерт беа претставени „цртани филмови од Источниот блок“ се провлекува низ вестите објавени од медиуми од различни страни на медиумскиот пејсаж. Медиумите кои ја употребија помеката формулација „претежно од Источниот  блок“, сепак не најдоа за потребно да ги едуцираат читателите за соодветното потекло на одделните цртани филмови, меѓу кои имаше и југословенски, западноевропски и американски. Ваквото известување...

Ансамблот „Танец“ в четврток ќе одржи концерт во Прилеп

Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ ќе се претстави со целовечерен концерт на 21 јуни, четврток од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Ансамблот „Танец“, амбасадор на македонскиот фолклор е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада, а досега учествувал во над 4.500 концерти и подиуми во земјата и...

Во Филхармонија концертна промоција на новиот „Стенвеј“ со Евгениј Судбин

Македонската филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт „Север и југ“, на кој како солист ќе се претстави прочуениот руско-германски пијанист Евгениј Судбин. Според британски „Телеграф“, Евгениј Судбин е „потенцијално еден од најголемите пијанисти на 21.век“, а според „Индипендент“, тој е „пијанист со невообичаена чувствителност и префинетост“. Славниот пијанист, за македонската публика ќе го изведе...

Со „Скопје го слави животот“ ќе се одбележат 54 години од катастрофалниот земјотрес

Со настани организирани од Младинскиот културен центар (МКЦ) - Скопје, Музејот на Град Скопје и од Град Скопје, утре ќе се одбележат 54 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година. Мултимедијалниот културен настан што под мотото „МКЦ за Скопје“ го организира Младинскиот културен центар, кој традиционално се одржува на 26 јули, годинава се одржува...

ИД ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Манчестер

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Манчестер во кој загинаа 22 лица. Припадниците на терористичката организација на социјалните мрежи објавија видео запис во кој велат дека тие се одговорни за нападот. Во експлозијата за време на концертот на американската пејачка Ариана Гранде во Манчестер синоќа загинаа 22 лица, а повредени се 59. Полицијата соопшти дека експлозијата се третира како...

Најмалку 22 лица загинаа, а 59 се повредени во терористички напад во Манчестер

Најмалку 22 лица загинаа, меѓу кои и деца, а 59 се повредени во експлозија која се случи на завршување на концертот на пејачката Ариана Гранде во Манчестер, изјави шефот на полицијата Јан Хопкинс. Според него, полицијата е уверена дека напаѓачот кој ја активирал бомбата загинал во експлозијата и дека само тој го извршил нападот. Тој информираше дека напаѓачот носел импровизирана...

Вечерва во Струга, концерт на вокалниот ансамбл „Симбиоза“

Вечерва, од 20 часот, во холот при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се одржи хорски концерт на вокалниот ансамбл „Симбиоза“. „Симбиоза“ е мултиетнички, мултикултурен и образовен проект кој произлегува од секојдневната соработка на двајца млади просветни работници, Дамјан Темков (композитор) и Бехар Весели (диригент). Проектот „Симбиоза“ досега има реализирано шест концерти на реномирани фестивали. Овој проект, иако најавен само како...

Концерт по повод Меѓународниот ден на полетувањето на човекот кон вселената

Вечерва, од 19 часот, во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, во Свети Николе, целовечерен концерт ќе исполнат солистки, членки на врвниот руски вокален ансамбл од градот Електростаљ, Московска област во Руската Федерација. Овој културен настан го организира Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, по повод 12 април, Меѓународниот ден на полетувањето на човекот кон вселената, пишува порталот...

Црвен крст организира хуманитарен концерт за помош на самохрана мајка

Под мотото „Подај рака – спаси некого од мака“, ќе се одржи хуманитарен фолклорен концерт на 10 март во Домот на АРМ во Скопје, со почеток од 20 часот. Целта на овој хуманитарен концерт е собирање финансиски средства за самохрана невработена мајка од населбата Козле во Скопје, која со своето малолетно дете живее во многу тешка состојба. Билетите ќе чинат 100 денари...

Во Македонија гостува „Гласот на Јунан“, светската атракција од Кина

Со два концерти, вечерва во Скопје и еден в сабота во Охрид, во Македонија гостува светската атракција од Кина „Гласот на Јунан“. Овој музички спектакл на ансамблот од Пекиншката академија на традиционалната музика, го организира Фестивалот „Охридско лето“. Класичната кинеска музика пренесувана од генерации на генерации е дел од овој перформанс, исто како што е и восхитувачки богатата фолклорна култура од...

Вечерва ќе се одржи традиционалниот концерт „Божиќна слава“

Во организација на хорот „Св. Злата Мегленска“, вечерва, од 19,30 часот, во градската православна црква „Пресвета Богородица“, во Скопје, ќе се одржи традиционалниот концерт „Божиќна слава“. Влезот е слободен, а концертот е од хуманитарен карактер. Присутните ќе можат доброволно и според своите можности да донираат, додека собраните средствата се наменети за деца со посебни потреби и за ранливи...

Жан Мишел Жар го отвори „Таксират“

Пионерот на електронската музика, Жан Мишел Жар, синоќа го одбележа отворањето на 18. издание на фестивлот „Таксират“. Станува збор за прв настап на францускиот музичар во Македонија кој на аудиовизуелниот перформанс во „ВИП арена“ во Скопје настапи со добро познати композиции од неговата 40-годишна кариера. Жар се смета за основоположник на мултимедијални перформанси и има заслуги за етаблирање на електронската...

Протестни концерти во Албанија целосно цензурирани од медиумите

Протестни концерти на албански пејачи и на артисти, кои се противат на изградба на електрани и на увоз на отпад, се одржаа во Националниот парк Валбона и во Тирана, но тие беа целосно игнорирани од главните албански медиуми. На протестот кој се одржа во Тирана минатата недела присуствуваа неколку илјади граѓани. Артистите извикуваа „Не допирајте ја Валбона“ и „Да не се увезува...

Албански уметници со протестен концерт против изградба на хидроцентрали

Протестен концерт на 29 октомври во Валбона, а на 30 октомври во Тирана, против изградба на 14 хидроелектрични централи, ќе одржат познатите албански пејачки Еда Зари и Елина Дуни. Ова е првпат во Албанија уметници да протестираат против економските политики на власта. Преку пораката „Заштита на нашата земја, вода, воздух и живот“, пејачките ги повикаа и другите колеги да...

Концерт на „Чалгија саунд систем“ на Халкидики за прослава на 8 Септември

Пријатно изненадување за македонските туристи на Халкидики беше концертот на македонската група „Чалгија саунд систем“, кој го приреди конзулатот на Република Македонија во Солун за одбележување на 25-годишнината од независноста. Во релаксирана атмосфера, туристи од Македонија, Грција, Бугарија, Русија и од Романија во хотелски комплекс на Уранополи уживаа во звуците на традиционалната македонска чалгиска музика. Добрила Грашеска од „Чалгија сауд...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...