fbpx
Таг: контраспин

таг: контраспин

Контраспин: Правдањето од типот судството е криво, е спин!

Исто како што и опозицијата спинува дека власта ги протуркала овие измени заради сопствените функционери во идните случаи, а не кажуваат дека и тие асистирале при носењето на измените, исто и власта нема да има оправдување кај јавноста, уште помалку кај експертската за последиците од ова законско решение, се додека искрено не ги соопштат вистинските причини за нивното носење....

Контраспин: Пиши-бриши на цените за „перки од ајкула“ и спинот на Владата околу грижата за инфлацијата

Листата чиј лајт мотив беше „перка од ајкула“ сега се најавува дека допрва ќе се ревидира за производите кои изгубија повластен третман на данокот од 5 проценти, откако медиумите ја проверија и видоа дека на неа се наоѓаат стотици секојдневни производи. Претставниците на Владата и натаму продолжуваат со континуираниот спин дека тоа се однесува исклучиво на суперлуксузни прехранбени производи...

Контраспин: Изјавата на Мицкоски за „благонадежните Блгари Ковачевски, Пендаровски и Османи“ е спин

Нема ниту еден елемент во преговарачката рамка со ЕУ со кој е засегнат македонскиот идентитет. Оттаму, изјавата „за благонадежни Блгари“ за тие што ја прифатиле е спин. Сосема е друго прашање за руската политика на Балканот и заедничките точки со изборот на водење на македонска државна политика по принципот на реципроцитет, како и цената и последиците од таквата политика...

Контраспин: Пренџов со паушални изјави спинува за Законот за амнестија

Пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов ем не го прочитал законот за амнестија, ем е уверен дека „е превара“, зашто ништо е им верувал на овие од власта. Паушално и без аргументи се изјаснува и за амнестијата и нејзините цели од 2018 година, за кредитите за реконструкција на затворите, итн. Сепак, има право дека власта можела да стори многу повеќе,...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ не може да се амнестира од дилот за измените на КЗ

Ако главниот кабает за овој срам за владеењето на правото во Македонија е на власта предводена од СДСМ и ДУИ, опозицијата, вклучувајќи ја и најголемата партија во нивните редови, ВМРО-ДПМНЕ, нема да може никако себе си да се амнестира, затоа што со неактивност во Собранието ги дозволија измените во еден ден и со тоа станаа учесници и корисници на...

Контраспин: Премиерот извртува првични оценки на EУ за измените на КЗ

ЕУ бара „сеопфатна“, а не „некаква“ комуникација и „конзистентна примена“ на европското знаменце. Тоа беше поентата на првичната реакција на ЕУ преку портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, а не она што го тврди премиерот Димитар Ковачевски со што практично спинува делови од ставот на ЕУ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Претседателот на Владата на РСМ...

Контраспин: Измените на КЗ по итна постапка сe доказ дека антикорупцијата е мртва

Со измените на членовите 353 и 353-в и 394, се дезавуираат сите други корисни предложени измени на членови во новиот КЗ, кои навистина значат усогласување со ЕУ. Но, воедно се дезавуира и секоја друга декларативна или напишана заложба на партиите од власта и нивните лидери, а и од најголем дел од опозицијата, дека сакаат да се справат со корупцијата...

Контраспин: Ковачевски не може да знае дали ќе влеземе во ЕУ до 2030 г., па уште и први од Балканот

Недостасуваат повеќе елементи во равенката членство во ЕУ до 2030 година за да може некој да тврди дека ќе влеземе во ЕУ во 2030 година и тоа први на Балканот, само ако го смениме Уставот. Освен тоа, нема докази дека во моментов сме најдобри на Западен Балкан во однос на евроинтегративните процеси, без оглед што некои наши соседи во...

Дневна доза патриотизам за бранителите од 2001 година и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ

Годинава, исто како и секоја година во август во изминатите над две децении, главните македонски партии на политичката сцена во земјава испукаа неколку комуникациски куршуми при одбележувањето на трагичните настани во месноста Карпалак и Љуботенски Бачила од 8 и 10 август 2001 година. Иако нема сомнеж во искреноста на желбата да се одаде почит, факт е дека за начините...

Контраспин: Османи (и Груби и ДУИ) спинува за постоење на антиалбански хибриден центар

Тврдењата за хибриден центар насочен кон ДУИ, како и на скриена албанофобија на секое споменување на некаков скандал поврзан со ДУИ, се извртување на вистината или спин, бидејќи не е понуден ниту еден аргумент во насока на кредибилноста на таквите тврдења, иако Османи го тврди токму спротивното. Од анализата пред вас може да се види јасна линија на еволуција...

Контраспин: Отвoрена истрага на ОЛАФ не значи и потврден криминал

Веста за 18 истраги на ОЛАФ во С.Македонија за пет години секако дека е има своја тежина и е предупредувачка, без оглед што недостасуваат многу елементи како што се институциите и типот на препораките што се дадени откако истрагата завршила. Но кога ќе се употреби во теза дека тоа покажува дека СДСМ и ДУИ се расадник на криминалот, тогаш...

Контраспин: Наместо фронт за борба против корупцијата, фронт против ДКСК

Во еден ден негативни реакции против ДКСК дојдоа од четири места од ЈО (жестока), од МВР, од ДИК (жестока), од Државно правобранителство, а ден претходно и од градоначалничката на Скопје. Повод – наодите и заклучоците на ДКСК за три предмети – (не)извршување на заплена на имот во случајот Труст (милионски суми во евра), сомнежи за кражба на лични податоци...

Контраспин: Владите на Груевски дале дозвола за рудникот Иловица во 2012 и 2015 година

Поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски се огласи на Фејсбук дека неговата влада никогаш не донела одлука за експлоатација на злато и бакар во Иловица, но со детална проверка на одлуките на Влада што се депонирани и издадени во Службен весник на РM од 2012 до 2022 година се утврдува дека Груевски спинува, зашто донел такви одлуки...

Контраспин: Правото на личен став, па и на министерката Шукова, е домашен и меѓународен стандард, без оглед што мислат од „Еуромакс Рисорсис“

Компанијата со седиште во Канада, која треба да ја реализира „најголемата инвестиција“ во државата од независноста – изградба на рудник, во реакцијата за изразен личен став на државен функционер (министерката за животна средина Каја Шукова), бара (апелира) од државните функционери да се воздржат од лични ставови, зашто тоа било прашање на однос меѓу влада и инвеститори за кој имало...

Контраспин: Левица спинува дека Македонија е вклучена во репресии на Србите на Косово

Реагирајќи на одлука на Влада за испраќање на 31 припадник на АРМ на Косово на шест месеци, Левица спинува дека КФОР е репресивна сила која често употребува прекумерна сила врз Србите, дека со одлуката на Владата и земјата е вклучена во такви репресалии, дека над 90 отсто од македонското население ја осудува таквата одлука и дека мисијата не е...

Контраспин: Судскиот совет спинува околу оценската мисија на ЕУ

Многу е голема перцепцијата дека членовите на Судскиот совет (или тој што го пишувал соопштението) мислат поинаку, ама не смее тоа да се каже и дека, всушност, во СС не се нималку задоволни со странска мисија што ќе го оценува, па ќе предлага решенија. Можеби затоа јавноста вчера беше известена со став во форма на соопштение во кое многу...

Контраспин: Како Мицкоски пронајде врска меѓу истрагата за спомениците и идентитетот

Случајот може да се разгледува од неколку аспекти, кривично-правен, политички, односно влијание на политиката врз правосудството, корупциски/антикорупциски, на залудно потрошени/украдени пари (33 – те градинки на СДСМ, иако и тоа е спин само по себе), но никако не може да се разгледува од аспект на случај кој во позадина го загрозувал македонскиот идентитет. Токму таква врска некако успеа да...

Контраспин: Окови, линч и тоталитаризам има само во перцепцијата на епископот Јаков Стобиски

Колку и да прозвучува неверојатно едно црковно лице пред верниците да говори невистини и да подбуцнува, сепак епископот Јаков Стобиски го прави токму тоа - употребува тешки квалификации, провоцира и ја подгрева атмосферата пред утрешниот протест. Иако епископот сака да претстави дека е загрижен оти невладините ќе го оковале нашето општество во тоталитаризам, простор за таква загриженост нема. Тоа...

Контраспин: Како Груби виде „угледни“ во ДУИ, а „некадарни“ во ДКСК?

Наспроти арогантниот настап на Груби, кој отворено се сомнева во капацитетите на Антикорупциската корупција и со доза на потсмев вели дека „не ги бивало“, токму  ДКСК е една од ретките институции за која има позитивно мислење во последниот Извештај на Европската комисија. Но, државните институции кои треба да овозможат да се постапи според наодите на ДКСК, се „јавнати“ од...

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ спинуваат околу уставните измени

Партијата на власт спинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се согласил со уставни измени и со тоа го променил ставот, додека ВМРО-ДПМНЕ спинува околу глорификацијата на предлозите на Христијан Мицкоски дека тие значеле ем брза интеграција, ем заштита на идентитетот, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост:       Двете најголеми политички партии во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по средбата...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...