fbpx
Таг: Израел

таг: Израел

Сто дена откако Хамас го нападна Израел, Нетанјаху: Никој нема да нè сопре

Израел ќе ја продолжи својата војна против Хамас сè до победа и нема да биде сопрен од никого, па ниту од светскиот суд, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вчерашниот говор додека борбите во Газа се наближија до својот стоти ден. Нетанјаху говореше откако меѓународниот суд на правдата во Хаг одржа дводневни сослушувања за наводите на Јужна Африка дека Израел...

САД изврши уште еден воздушен напад во Јемен

САД изврши воен напад со „Томахок“ ракети во база во Јемен, каде се вршело лоцирање со радарски системи. Нападот доаѓа еден ден по обемниот напад на САД и Обединетото Кралство врз речиси 30 воени бази во Јемен, известува Гардијан. Петмина загинале и шестмина биле повредени во вчерашните напади. Нападите на САД и Обединетото Кралство се одговор на нападите врз бродови во...

САД и Британија бомбардираа воени бази во Јемен, каде избија масовни протести

Вчеравечер воените сили на САД и Обединетото кралство бомбардираа воени бази во Јемен, известува Би-би-си. Нападите се одговор на нападите врз бродови во Црвеното Море од страна на Хути, екстремистичката организација која го управува Јемен. Нападите на Хути започнаа по војната во Газа и нивната иницијална цел беше да се спречи гориво и други ресурси да стигнат до Израел....

Започнува процесот во Хаг против Израел за геноцид во Газа

Денеска започнува дводневното рочиште за постапката во Меѓународниот суд на правдата во Хаг покрената од Јужноафриканската Република (ЈАР) против Израел во која го обвинуваат Израел за геноцид врз палестинскиот народ во појасот Газа. За ваков вид на тужби вообичаено се потребни години за пресуда, но во својата апликацијата ЈАР побара од Меѓународниот суд да преземат итни мерки за да се...

САД и Британија соборија ракети од досега најголемиот воздушен напад на Хути во Црвеното Море

Американски и британски сили соборија ракети лансирани од Хутите во Црвеното Море, известува Гардијан. Не се забележани загинати лица. Нападот на јеменската исламистичка група се смета за најкомплексниот досега откако таа почна да таргетира бродови во регионот по конфликтот во Газа. Како последица на напади на Хути, најголемите шпедитерски фирми ги пренасочуваат своите бродови да кружат околу Африка наместо да одат...

Израел: Палестинци нема да се вратат дома во Северна Газа без договор за размена на заложници

Според информации пренесени од двајца високо ренгирани израелски функционери до американскиот медиум „Аксиос“, во преговорите со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Израел ќе стои зад ставот дека нема да им дозволат на раселени Палестинци да се вратат во своите домови во северот на Газа сѐ додека не се постигне нов договор за размена на заложници и затвореници. Блинкен е во...

Војната во Газа влегува во нова фаза за Израел

Првичното ветување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по терористичките напади на Хамас од октомври 2023 година беше дека оваа терористичка група ќе биде целосно уништена. Сепак, Си-ен-ен во најновата анализа посочува дека израелската војска се префрла во нова фаза од војната против Хамас во Газа и има знаци дека и нејзините цели се менуваат. „Раководството на израелската војска многу добро...

Либански Хезболах истрела ракети кон Израел

Либанската милитантна група Хезболах, истрела ракети кон врз воена база во северен Израел. Израелската војска соопшти дека се идентификувани приближно 40 лансирања од Либан кон областа Мерон без да даде извештај за жртви или материјална штета. Според соопштението од Хезболах, нападот е одговор на убиството на вториот човек на Хамас Салех ал-Арури во Бејрут. Хамас, Хезболах и либанската влада за...

Блинкен ќе отпатува на Блискиот Исток, ќе го посети и Израел

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен | Фото: Стејт департмент на САД, јавен домејн, Викимедија комонс
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска заминува на Блискиот Исток, при што ќе го посети и Израел. Во Израел ќе отпатува и американскиот дипломатски претставник Амос Хохштајн, во обид да ги смири тензиите меѓу земјата и Хезболах, вели во изјава за Ројтерс и Франс-прес висок американски функционер, кој инсистирал да остане анонимен. Ова ќе биде четврта посета на американскиот државен...

Убиството на заменик-лидерот на Хамас го зголемува ризикот од ширење на војната во Газа

Израел вчера го уби заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури во напад со беспилотно летало во главниот град на Либан, Бејрут, изјавија либански и палестински безбедносни извори, што го зголемува потенцијалниот ризик војната во Газа да се прошири многу подалеку од палестинската енклава, пренесува Ројтерс. Арури (57) е првиот висок политички лидер на Хамас кој беше убиен откако Израел ја започна...

Израел ќе повлече дел од своите војници од Газа

Израелската влада најави дека ќе повлече дел од своите војници од Газа, известува Гардијан. Најголем дел од војниците кои ќе бидат повлечени доаѓаат од повеќе од 300.000 резервисти кои беа регрутирани за војната. Целта е да се „реенергизира“ израелската економија. Дополнително, ваквата одлука е дел од менувањето на фокусот на израелската офанзива кон попрецизни операции против Хамас. Сепак, дел од...

Хамас испука ракетен „рафал“ врз Израел во првите часови на новата година

Малку по полноќ, односно по почетокот на новата 2024 година, припадниците на Хамас истрелале серија ракети врз територијата на Израел, јавија светските агенции. Со тоа, новата година за жителите на одредени региони на Израел почна со воздушна тревога. Засега нема податоци за штети и жртви. Истовремено, продолжи израелската копнена воена операција на територијата на Газа. Убиени се најмалку 35 луѓе,...

Нетанјаху: Војната против Хамас ќе продолжи уште многу месеци

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека израелската војна против Хамас во Газа ќе продолжи „уште многу месеци“, одбивајќи ги постојаните меѓународни повици за прекин на огнот по зголемените цивилни смртни случаи, гладта и масовното раселување во опколената енклава, пренесува Асошиејтед Прес. Нетанјаху се заблагодари на администрацијата на Бајден за нејзината континуирана поддршка, вклучително и за одобрувањето нова, итна продажба на...

Јужна Африка поднесе тужба во Хаг против Израел, го обвиунва за геноцид

Јужноафриканската Република (ЈАР) поднесе тужба против Израел во Меѓународниот суд на правдата, во која бараат судот да ги класифицира операциите на Израел во Газа како геноцид, известува Гардијан. Израел ги отфрли обвинувањата. „Делата на Израел за кои се жали Јужна Африка се од геноциден карактер бидејќи имаат за цел да доведат до уништувањето и искоренувањето на значителен дел од палестинската...

Хамас ќе пристигне во Египет за преговори за примирје

Се очекува делегација на Хамас денес да пристигне во Каиро за преговори за примирје. Гардијан известува дека извори блиски до Хамас велат оти договорот кој Египет ќе го понуди на Хамас вклучува привремени примирја, размена на затвореници, што надежно би довеле до крај на војната. Претставник од Хамас изјави дека се „отворени за секакви идеи и планови за прекин на...

Нетанјаху одбива да преговара за иднината на Газа

Додека Израел ја проширува и засилува својата офанзива во Газа таргетирајќи кампови за бегалци, премиерот Бенјамин Нетанјаху одбива средби и преговори во врска иднината на појасот Газа во однос на нејзиното управување, откако ќе бидат постигнати воените цели на Израел, известува Гардијан. Премиерот одбил три барања за средба од Мосад (разузнавачката агенција), Шин бет (безбедносната агенција) и одбранбените сили. „Времето истекува,...

Израел: Војната има фронтови во повеќе соседни земји

Израел е веќе под напад од седум места, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел, известува Гардијан и додава дека седумте извори се Газа, Либан, Сирија, Западниот Брег, Ирак, Јемен и Иран. Галант изјавил дека веќе имаат преземено мерки против шест од овие „театри“, како што тој ги нарекува. Ирански паравоени организации се инволвирани во напади на израелски и американски...

ОН вели дека веќе нема безбедно место во Газа, Нетанјаху сака да ја прошири офанзива

Состојбата со раселувањето на жителите на Газа е крајно сериозна, изјави денеска Џема Конел, лидерка во хуманитарна група на Обединетите нации. Според неа, луѓето постојано добиваат нови упатства за тоа, каде е безбедно во Газа, но кога ќе стасаат до наводно безбедно место, нема адекватно место за нивно сместување, известува Гардијан. „Зборував со многу луѓе. Овде во Рафах има толку малку...

Најмалку 78 лица убиени во бомбардирање на камп за бегалци во Газа

Палестинското министерство за здравство соопшти дека најмалку 78 луѓе биле убиени во синоќешниот напад на израелските сили врз кампот за бегалци Магази во Газа, од кои 12 биле жени и седум биле деца, известува Гардијан. „И покрај предизвиците што ги поставуваат терористите на Хамас кои дејствуваат во цивилните области во Газа, израелските одбранбени сили се посветени на меѓународното право, вклучително...

Израел најави продолжување на тешката воена операција во Газа, Бајден повика на заштита на цивилите

Израелската војска најави дека ќе ја продолжи операцијата во Газа, но ја нарече истата „долготрајна“ и „тешка“. Портпаролот на Израелските одбранбени сили изјави дека ги прошируваат своите копнени операции во јужниот и северниот дел на Појасот Газа, пренесува Би-би-си. Израел објави дека уште девет нејзини војници биле убиени во борбите во Газа, со што вкупниот број достигна 154. Земјата соопшти оти...

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...