Јужна Африка поднесе тужба во Хаг против Израел, го обвиунва за геноцид

Израел ги отфрли обвинувањата, но некои експерти сметаат дека обвинувањата имаат основа

-

Јужноафриканската Република (ЈАР) поднесе тужба против Израел во Меѓународниот суд на правдата, во која бараат судот да ги класифицира операциите на Израел во Газа како геноцид, известува Гардијан. Израел ги отфрли обвинувањата.

„Делата на Израел за кои се жали Јужна Африка се од геноциден карактер бидејќи имаат за цел да доведат до уништувањето и искоренувањето на значителен дел од палестинската национална, расна и етничка група“, се вели во јужноафриканската апликација за отворање на постапката во судот во Хаг.

Вообичаено се потребни години за пресуда при ваквите тужби. Но, во апликацијата се бара Меѓународниот суд да се состане во текот на следните неколку дена за да донесат „привремени мерки“ кои би довеле до примирје.

Професорката за човечки права од Универзитетот во Бостон Сузан Акрам вели оти најтешкиот елемент за докажувањето на геноцид е „геноцидна намера“. Односно, треба да се докаже дека обвинетите не извршувале само воени операции или дека само се бранеле од напади, туку дека нивната конкретна намера била уништување на еден народ.

Сепак, Акрам смета оти постои значаен број на изјави од најмоќните израелски политичари кои би укажуваат геноцидна намера.

На пример, министерот за правда на Израел Јоав Галант на почетокот на конфликтот изјави дека „се бориме против човечки животни и делуваме соодветно“. Пратеник од партијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека „ќе направиме втора Накба“; „Накба“ е арапскиот назив за присилното раселување на палестинскиот народ во 1948 година.

Портпарол за Министерството за одбрана на Израел целосно ги отфрли оптужувањата на Јужноафриканската Република, велејќи дека тие немаат правна основа.

Во Газа, пак, продолжуваат офанзивите на Израел. Според министерството за здравство на Газа, најмалку 187 луѓе биле убиени во бомбардирања во текот на вчерашниот ден.

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на...

Алиу: Правиме национална стратегија за унапредување на третманот на дијабетичарите и онколошките пациенти

Подготвуваме национална стратегија за унапредување на третманот на пациентите со дијабетес и онколошки заболувања. Мора да креираме систем кој ќе следи и ќе дефинира, со цел навремено и долгорочно обезбедување на...

Трамп вети дека ќе испрати повеќе оружје во Украина

Претседателот Трамп штотуку изјави дека САД ќе испратат повеќе оружје на Украина за да ѝ помогнат да се одбрани од руската инвазија, тврдејќи дека неодамнешниот напад на Москва врз украинските градови...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката...