Нетанјаху: Војната против Хамас ќе продолжи уште многу месеци

Израел тврди дека завршувањето на војната сега би значело победа за Хамас, став што го дели и администрацијата на Бајден, која во исто време го повика Израел да ги вложи сите напори за да се избегне штета по палестинските цивили

-

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека израелската војна против Хамас во Газа ќе продолжи „уште многу месеци“, одбивајќи ги постојаните меѓународни повици за прекин на огнот по зголемените цивилни смртни случаи, гладта и масовното раселување во опколената енклава, пренесува Асошиејтед Прес.

Нетанјаху се заблагодари на администрацијата на Бајден за нејзината континуирана поддршка, вклучително и за одобрувањето нова, итна продажба на оружје, втора овој месец, и за спречувањето да се донесе резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Израел тврди дека завршувањето на војната сега би значело победа за Хамас, став што го дели и администрацијата на Бајден, која во исто време го повика Израел да ги вложи сите напори за да се избегне штета по палестинските цивили.

Во новите борби, вчера израелски воени авиони ги нападнаа урбаните бегалски кампови Нусејрат и Буреиј во центарот на територијата, додека копнените сили навлегоа подлабоко во јужниот град Кан Јунис.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека повеќе од 21.600 Палестинци се убиени во невидената воздушна и копнена офанзива на Израел од смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври. Според министерството, во изминатите 24 часа биле убиени 165 Палестинци. Се тврди дека околу 70 отсто од убиените биле жени и деца.

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...