Убиството на заменик-лидерот на Хамас го зголемува ризикот од ширење на војната во Газа

Арури (57) е првиот висок политички лидер на Хамас кој беше убиен откако Израел ја започна воздушната и копнена офанзива против групата пред речиси три месеци

-

Израел вчера го уби заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури во напад со беспилотно летало во главниот град на Либан, Бејрут, изјавија либански и палестински безбедносни извори, што го зголемува потенцијалниот ризик војната во Газа да се прошири многу подалеку од палестинската енклава, пренесува Ројтерс.

Арури (57) е првиот висок политички лидер на Хамас кој беше убиен откако Израел ја започна воздушната и копнена офанзива против групата пред речиси три месеци, откако беше извршен нападот врз цивили на 7 октомври.

Тешко вооружената либанска група Хезболах, сојузник на Хамас, речиси секојдневно разменува оган со Израел преку јужната граница на Либан, од почетокот на војната во Газа во октомври.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах го предупреди Израел да не врши какви било атентати на либанска територија, ветувајќи дека ќе следува „жестока реакција“.

Хезболах вчера соопшти дека по убиството на Арури со проектили била нападната група израелски војници во околината на Марџ.

Израел долго време го обвинува Арури за смртоносни напади врз своите граѓани, но официјален претставник на Хамас рече дека тој исто така бил „во срцето на преговорите“ што ги водат Катар и Египет за исходот од војната во Газа и ослободувањето на израелските заложници што ги држеше Хамас.

Израелската војска ниту потврди ниту негираше дека го извршила убиството, но нивниот воен портпарол, Даниел Хагари, рече дека израелските сили се во состојба на висока готовност и се подготвени за секое сценарио.

Арури е роден е во Рамала на окупираниот Западен Брег во 1966 година. Тој долго време живеел во егзил во Либан, откако поминал 15 години во израелски затвор. Во последните недели тој дејствувал како портпарол на Хамас правејќи стратегија за војната во Газа.

Минатиот месец тој изјави за „Ал Џезира“ дека Хамас нема да разговара за договор за размена на затвореници до крајот на израелската офанзива во Газа.

„Отпорот е подготвен за сите воени сценарија“, рече тој.

Во октомври, израелските сили ја демолираа неговата куќа во близина на Рамала.

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски момент“ во...

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Разговорот што се најавуваше како дипломатски пресврт за претседателот на САД, Доналд Трамп, во обидот да се стави крај на војната во Украина, заврши со уште повеќе прашалници, и за неговата...

Најавена сеча на стотици дрвја во Градски парк – тие се суви или пред сушење, велат експертите

На помалку од шест месеци пред локалните избори во октомври, кога е речиси извесно дека Данела Арсовска ќе ја напушти функцијата градоначалник на Скопје, се отвори нова криза поврзана со зеленилото...

Започна со работа Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Првиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда (НКМ-РА) се одржа денеска во Europe House во Скопје и онлајн преку Zoom. Механизмот, воспоставен од Институтот за европска политика (ЕПИ) во...

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

На 22 мај во Лондон владите на Обединетото Кралство и Северна Македонија ќе потпишат договор за стратешко партнерство, за што британскиот амбасадор Метју Лосон вели дека ќе биде „историски...